Последна промена пред 6 часа | Четврток 24 Април 2014 | 0 0

„Сеавус“ групацијата го купи ИТ центарот „Александрија“

  • Објавено: 12.07.2013 13:34
  • Прочитано: 3188
  • Печати

Интернационалната групација „Сеавус“ од денеска го поседува ИТ центарот „Александрија“, најстариот македонски центар за обука во информатиката. Компаниите потпишале договор со кој „Сеавус“ едукативниот центар ќе ги превземе целата програма на „Александрија“, вработените, но и инженерите кои моментално се обучуваат таму.  

 

- Комбинацијата од искуства на академијата „Александрија“ со мрежата на канцеларии на „Сеавус“ ширум светот, ќе ни помогне да излеземе и надвор од земјата – рече Ирена Чаушевска од „Сеавус“ утринава во кафулето “Тренд“.

 

Компанијата „Сеавус“ е една од поуспешните ИТ компании во светот. Тие во 2010 отвориле свој едукативен центар во Македонија, кој набрзо станал водечки на пазарот. Центарот „Сеавус“соработувал со центарот „Александрија“ и разменувале студенти и искуства. „Сеавус“ има над 3000 клиенти, и над 500 вработени ширум планетата.

 

Центарот „Александрија“ од далечната 1993, веќе 20 години обучува мрежно инженерство во Македонија. Нивната академија нуди ретка едногодишна практична работа и тоа за конкретно работно место. Системот на работа е многу различен од класичните факултети за информатика кои нудат повеќе теоретски знаења. Само во изминатите 10 години настава во „Александрија“ следеле петстотини студенти, дипломирани инженери или средношколци кои сакале практично да се надоградат во нови технологии. Поради стекнатите вештини речиси секој од нив се вработил во некоја поголема фирма во Шпанија, Шведска, Италија...

 

- Најинтересното е што ИТ технологијата може да се работи и неврзано, преку интернет, со клиенти од странство и тоа многумина веќе го прават. Големите американски компании се заинтересирани за овој регион бидејќи има евтина работна сила – вели Александар Марјановиќ, основач на „Александрија“.

Сега, кога „Александрија“ е дел од „Сеавус“, студентите освен мрежни технологии ќе имаат можност да учат се она што го нуди и „Сеавус“: академија за програмирање, академија за дизајн и различни бизнис курсеви. Вработените во „Александрија“ ќе можат и самите да бидат предавачи.

Ко. Ѓ.

Фото: Плусинфо

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

http://images.plusinfo.mk/izvori/plusinfo.jpg
info,donka.jpg
Чија е оваа програма?
Донка Барџиева Трајковска
23.04.2014
Gero profil picture.jpg
Заев, само храбро!
Бранко Героски
23.04.2014
повеќе колумни>>