Последна промена пред 54 минути | Недела 20 Април 2014 | 68 0

„Флајдубаи“ од октомври воведува и бизнис-класа

  • Објавено: 19.06.2013 10:49
  • Прочитано: 548
  • Печати

Авиокомпанијата „Флајдубаи“ од октомври годинава воведува бизнис класа, соопшти компанијата. Билети за бизнис-класа ќе можат да се набават на одредени летови од август, додека инаугуративниот лет е закажан за октомври 2013 година.

 

Како што соопшти компанијата, во август ќе го добие првото летало со кабина за бизнис-класа.

 

- Воведувањето на бизнис-класата ќе обезбеди поголем избор за нашите патници кои ќе имаат пристап до побрзи сервиси за чекирање, удобни и широки седишта и ќе можат да уживаат во разновидното мени инспирирано од интернационалните кујни за време на летот - објаснуваизвршниот директор на Флајдубаи,Гаит Ал Гаит.

 

Според него, компанијата ја донела одлуката по внимателно следење и почитување на барањата на патниците од својата мрежа, која опфаќа 60 дестинации.

 

Бизнис-кабината има 12 седишта од мека италијанска кожа со потпора за грбот. Системот за забава ќе има екран на допир со висока резолуција и со ширина од 30 сантиметри. Тој ќе нуди над 900 часа филмови, музика и видеоигри.

„Флајдубаи“ лани во октомври првпат ја поврза Македонија со Обединетите Арапски Емирати, неодамна го зголеми бројот на летови од Скопје до Дубаи од два на три неделно. Тие сега се одвиваат во понеделник, четврток и во недела.

 

Подготви: Р.И.М.   

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>