• 08 декември 2016
  • Вести денес: 83
КОЛУМНИ

Груевски е в затвор

Џабир Дерала

08 декември 2016

Ме оставивте сам...! Заминувам

Јове Кекеновски

08 декември 2016
МИА09:47 02 јуни 2016 ● Прочитано 579

Женските ракометни репрезентациите на Македонија и на Црна Гора, попладнево, од 18 часот во СРЦ „Кале“ ќе го играат натпреварот од 5. коло од квалификациите за Европското првенство во Шведска.

Македонската репрезентација се наоѓа на последното четврто место во групата и е без шанси за пласман на ЕП, додека Црна Гора има најголеми шанси да биде прва особено, по вчерашниот резултат во Цеље каде Словенија минимално ја победи Хрватска со 24:23.

Селекторот на Македонија, Симе Симовски, за време на подготовките се соочуваше со проблеми со повреди, а ќе отсуствуваат три ракометарки: Габриела Величковски, Ангела Тодоровска и Зорица Десподовска.

Во групата 4 трите селекции Црна Гора, Хрватска и Словенија имаат по шест бодови, а Македонија е без бод.

Натпреварот Македонија - Црна Гора се игра со почеток во 18 часот во СРЦ „Кале“, а влезот е слободен.

Досега пласман на ЕП покрај домаќинот Шведска имаат изборено 12 селекции: Норвешка, Романија, Србија, Чешка, Шпанија, Холандија, Унгарија, Полска, Русија, Данска, Франција и Германија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кашима со пресврт се избори за четвртфинале на Светското клупско првенство

Тие во првиот натпревар на ова натпреварување денеска во Јокохама го победија Оукленд од Нов Зеланд (шампион на Океанија) со 2:1.

Натпревари од последното коло од Лига Европа

Пласман во следната фаза имаат обезбедено 13 екипи, што значи дека „слободни“ се уште 11 места.

Инфантино доби поддршка од Азија за зголемен број учесници на СП

Азиските земји ја поздравија идејата на првиот човек на Светската фудбалска федерација човекот, да се прошири Светското првенство со 48 репрезентации.

Комплетирано второто коло на Европското првенство за ракометарки

На женското Европско ракометно првенство што се одржува во Шведска комплетирано е второто коло од групната фаза.

Јовиќ: Игравме добро до 55. минута

Помошниот тренер на Металург Александар Јовиќ истакна дека македонскиот вицепрвак потфрли во последните пет минути.

КОЛУМНИ

Груевски е в затвор

Џабир Дерала

08 декември 2016

Ме оставивте сам...! Заминувам

Јове Кекеновски

08 декември 2016
НАЈЧИТАНИ