• 08 декември 2016
  • Вести денес: 83
КОЛУМНИ

Груевски е в затвор

Џабир Дерала

08 декември 2016

Ме оставивте сам...! Заминувам

Јове Кекеновски

08 декември 2016
Плусинфо14:40 04 април 2016 ● Прочитано 1231

 

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, на дебатата организирана од Цивил, посветена на актуелната политичка состојба во Македонија, денеска предложи одлагање на датумот 5 јуни за одржување избори. Очигледно е дека до тој датум нема да бидат исполнети двата основни услова, а тое е прочистен избирачки список и регулирање на медиумите, смета таа.

- Во ваква сериозна ситуација ние имаме несериозни институции и избирачки список кој не се знае дали е истиот од минатите избори или некој друг и дали тој список ја отсликува реалната состојба и реалните бројки во земјава, па затоа и граѓаните ја губат довербата во нив - нагласи претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

Таа ја критикуваше работата на ДИК и единаесете институции кои ги доставија базите на податоци, полни со нерегуларности. На овој начин, рече, овие институции како да си бијат мајтап со граѓаните, ставајќи многу личности познати на јавноста во список на спорни гласачи. Истовремено на тој список од 89.000 „спорни гласачи“ ги нема иселените, починатите и измислените лица во туѓи станови, амбасади и бензински пумпи.

Поповска изрази уверување дека Македонија има капацитет за средување во таа насока доколку во следниот период до есента институциите работат слободно и професионално.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кирацовски: 4 месеци по школувањето секој млад човек ќе добие понуда за работа (ВИДЕО)

Ако сакате да бидете свои газди, доволно ќе биде да имате добра и одржлива бизнис идеја – државата ќе ве поддржи со неповратни 10.000 евра, рече тој.

Јаневиќ: Наместо иднина, ВМРО-ДПМНЕ ја погреба Република Македонија

Во нивната програма која реално е збирштина на лаги напишани на 500 страни веќе никој не верува, вели портпаролот на ЛДП.

СДСМ: Груевски се исплаши и побегна и од закажаните соочувања на МТВ и на Телма

Груевски реши својата политичка кариера да ја заврши онака како што ја започна, без ниту едно едно директно соочување со политичките противници.

Дизајнерите против режимот: Гласам против…диктатура, режим, корупција…

ГласамПротив е иницијатива на група македонски дизајнери за рушење на диктатурата во која сите сме заробени.

Скопјанец се самозапалил во Исланд оти сакале да го вратат во Македонија

Властите во Исланд велат дека во ноевмври 73 отсто од барателите на азил биле од Македонија.

КОЛУМНИ

Груевски е в затвор

Џабир Дерала

08 декември 2016

Ме оставивте сам...! Заминувам

Јове Кекеновски

08 декември 2016
НАЈЧИТАНИ