Последна промена пред 43 минути | Среда 23 Април 2014 | 143 4

Ешерихија коли најчеста причина за уринарни инфекции

  • Објавено: 08.10.2012 19:28
  • Прочитано: 3569
  • Печати

Постојат неколку видови инфекции кои можат да бидат предизвикани од опасната бактерија ешерихија коли, но најчести се уринарните.
Уропатогеничната ешерихија коли (УПЕК) е причина за настанување на околу 90 отсто од сите уринарни инфекции. Постојат неколку начини преку кои оваа бактерија стигнува во човековиот уринарен тракт. Главно, инфекцијата доаѓа од фекалиите, односно од нашиот измет. Женската популација има пократок уретра (мокрачна цевка) од машката, и поради тоа, оваа бактерија многу брзо и полесно се шири кај жените. Една од најчестите причини за оваа инфекција кај женските бебиња е нередовното менување на пелените и погрешниот начин на бришење или миење на детскиот задник. Детето секогаш треба да го миете и бришете од стомакот кон грбот, но никогаш обратно. Причина може да биде и допирањето на интимните делови на телото со валкани раце.
Модерната медицина има делумен успех во лекувањето на уринарните инфекции предизвикани од ешерихија коли. Поради отпорноста на околината и на лековите и нејзината способност да мутира, лекарите препишуваат сè посилни антибиотици кои главно ги уништуваат и добрите бактерии, а кај жените и вагиналната флора, па поради тоа се јавува и извонредна подлога за развој на нови инфекции.
Бактеријата ешерихија коли во вагината во повеќето случаи оди заедно со ешерихијата коли во уринарниот тракт. Може да биде пренесена од вагиналниот тракт во уринарниот и обратно. И двете заболувања се третираат речиси со истата терапија. Вагиналната инфекција може да се добие и преку сексуален однос, но и со претераната употреба на антибиотици, додека се  лекува уринарната инфекција.  
За да ги ублажите непријатните симптоми кои ги носи бактеријата ешерихија коли, придржувајте се кон следниве совети. Мијте ги гениталиите само со вода за да ја избегнете иритацијата на мокрачната цевка. Никогаш не одложувајте го мокрењето - колку што мокрачата ќе остане подолго во бешиката, толку е поверојатно дека бактериите ќе се сместат во слузокожата. Пред сексуален однос мијте ги гениталиите, а жените би требало да ја испразнат бешиката пред и по сексуалниот однос. Често менувајте ги влошките и тампоните. Избегнувајте сол за капење, пенливи купки и вагинални дезодоранси кои можат да ја надразнат мокрачната цевка (уретра).

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

http://images.plusinfo.mk/izvori/plusinfo.jpg
info,donka.jpg
Чија е оваа програма?
Донка Барџиева Трајковска
23.04.2014
Gero profil picture.jpg
Заев, само храбро!
Бранко Героски
23.04.2014
повеќе колумни>>