• 29 мај 2016
  • Вести денес: 44
Плусинфо18:22 27 јануари 2016 ● Прочитано 1264

Машката ракометна репрезентација на Македонија со пораз го заврши својот настап на ЕП во Полска.

На последниот меч на првенството одигран попладнево во Катовице, црвено-жолтите попладнево во бледо издание се поразени од Белорусија со 29:30.

Во првиот дел резултатски дуелот беше израмнет, а Белорусите на пауза заминаа со гол предност 14:13. Во второто полувреме, македонските ракометари беа далеку од играта која ја посакуваа, па противникот имаше и шест голови предност. Иако на четири минути пред крајот црвено-жолтите стигнаа до израмнување, сепак до крајот на мечот противникот беше оној кој покажа повеќе желба за победата, па на крајот и заслужено Белорусите ја оствари. Најефикасен во нашата репрезентација беше капитенот Кирил Лазаров со 10 голови, додека Дејан Манасков постигна 4.

Македонија шампионатот го заврши без победа, со четири пораз и два нерешени резултати.

Во оваа група, остануваат да се одиграат уште две средби по кои ќе бидат познати и полуфиналистите. Во терминот од 18 часот и 15 минути во директен дуел за место во полуфиналето ќе се борат Франција и Норвешка.

Вечерва од 20 часот и 30 минути ќе се игра и средбата меѓу Полска и Хрватска во која домаќините улогата на фаворит треба да ја потврдат со победа, а со тоа и пласман меѓу четирите најдобри на шампионатот.

Табела: Норвешка 7 бодови, Франција 6, Полска 6, Хрватска 4, Белорусија 2 и Македонија 1.

 

фото: 24 Вести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Симеоне: Не знам кој пораз повеќе боли

Вторпат во изминатите три години екипата на Атлетико Мадрид е поразена во финалето од Лигата на шампиони од градскиот ривал Реал Мадрид.

Македонија денеска ќе игра пријателска со Азербејџан

Ова за селекторот на Македонија Игор Ангеловски ќе биде можност да направи проверка на играчите во пресрет на квалификацискиот циклус за СП 2018.

Убиен кошаркар на Њу Орлеанс пеликанс

Агентот на спортистот, Скот Николс, изјави дека Дежан-Џонс допатувал во Далас на роденденот на неговата ќерка, која наполнила една година.

Голден стејт се избори за „мајсторка“ во финалето на Западот

„Мајсторката“ за пласман во големото финале ќе се игра на теренот на Голден стејт во понеделник, а победникот ќе игра во финалето против Кливленд.

Хал се врати во Премиер лигата

Екипата на Хал во баражот одигран синоќа на „Вембли“ го победи Шефилд венздеј со 1:0.

НАЈЧИТАНИ