Последна промена пред 7 часа | Четврток 24 Април 2014 | 0 0

Читател тврди: И во саботата таткото на Ева ми објаснуваше дека требаат пари!

  • Објавено: 28.08.2012 20:25
  • Прочитано: 5754
  • Печати
Мирослава Бурнс

Откако во јавноста беа пласирани тврдењата на таткото на малата Ева, (за чии операции на срцето беа собирани пари преку хуманитарни апели и со фалсификат документ, иако операциите веќе беа изведени и за нив беше платено) во кои тој објаснува дека пари за операциите не барало семејството на девојчето, туку дека тоа го правеле администратори на Фејсбук групата, до редакцијата на „Плусинфо“ пристигнаа многубројни реакции.

Дел од администраторите децидно демантираат дека било што правеле без согласност и директна комуникација со семејството. Тврдат, дека дури и во саботата попладне, кога побарале објаснување за фалсификатот од семејството, човек што се претставил како татко на девојчето, упорно им тврдел дека пари за операцијата се неопходни. 

„Од документот ќе видиш колку пари требаат, а Ева се подготвува за нова операција (меѓукоморен дефект) во Бугарија“ - пишува во мејлот адресиран во саботата попладне до нашиот читател, кој повеќекратно донирал и помагал да се спаси Ева.

Читателот е сигурен дека мејлот му го испратил таткото на Ева, бидејќи како што вели, на тоа му претходел телефонски разговор во кој се распрашувал за состојбата на четиримесечното бебе и барал докази бидејќи слушнал за евентуалниот фалсификат.

Во документот, кој поради заштита на личните податоци нема да го објавиме, стои дека операцијата чини 25.177 евра. Toj e валиден и издаден од софиската болница. Човекот кој се претставувал како таткото на Ева, во мејлот не додава дека парите за операцијата се платени и тоа 80 проценти од Фондот за здравство, а 20 проценти од семејството. 

Овде може да ја погледнете и преписката како фотографија, која до нашата редакција ја испрати читателот.

„ОФИЦИЈАЛНО пишува Дејан, таткото на Ева.

Прво да ти се заблагодарам за поддршката и помошта. Во атачмент ти испраќам документ, кој се надевам ќе ги оправда твоите сомневања. Впрочем, не знам ни дали и тој е веродостоен. Ќе се обидам деновиве да отидам до Бугарија, за да ги земам сите оригинал документи, кои нема да ги објавувам на Фб. Ќе ги праќам лично, само на мејл адреси. Никако не можам да ја избришам кошаркарската слика од профилот на Ева. Недолично е ставена. Сменив адреса и пасворд и открив друга адреса со некои бројчиња под таа што беше dekoeko2009@hotmail.com и објавив на ФБ. Отсега кога ќе пишуваш со мене ќе ме прашаш за омилената пејачка (Цеца), така ќе знаеш дека сум јас. Од документот ќе видиш колку пари требаат а Ева се подготвува за нова операција (меѓукоморен дефект) во Бугарија. П.С. Се надевам нема да биде злоупотребен документот“. 

 

Објавено: 29.08.2012 12:15

Ивана:

Да даде Господ малото да е вво ред, да е живо и здраво и да не му требаат пари никогашза вакив работи! Ама не е во ред вакви работи да се прават...толку бев потресена за малата Ева и цело време донирав и на сите им велев да го прават истото. Тоа не е битно уствари кој колку дал, битно е што се злоупотребува едно мало невино дете за вакво нешто. Греота е! Се надевам дека ова не го правеле родителите на Ева, бидејќи ако е така треба да им се одземе детето и да им се суди за проневера. Сепак, не верувам дека постојат такви родители :( Се надевам дека малата е во ред, здрава и дека ќе живее нормален живот секогаш!

Објавено: 28.08.2012 22:39

aleksandar:

na sekoj mu trebaat pari ama da ja koristis bolesta na svoeto bebe za da profitiras 'e' toa gi preminuva site granici.bebeto treba da se odzeme od vakvi roditeli .tie vo nikoj slucaj ne zasluzuvaat da bidat roditeli a nim spored zakonot da im se sudi.steta e napravena i na drugite korisnici na humanitarni donacii.

Објавено: 28.08.2012 21:54

M:

И сега, ќе изникне некој (МВР, Педијатрија...) официјално расчисти до крај дали семејството навистина има кусок на пари или пак профитира на сметка на болното бебенце? Лошо делува врз вољата на граѓаните за идни донации за некои на кои навистина ќе им бидат потребни средства.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

http://images.plusinfo.mk/izvori/plusinfo.jpg
info,donka.jpg
Чија е оваа програма?
Донка Барџиева Трајковска
23.04.2014
Gero profil picture.jpg
Заев, само храбро!
Бранко Героски
23.04.2014
повеќе колумни>>