26 ноември 2014
Вести денес: 2
    Се преврте џип на гранична полиција, четворица повредени        ФОТО Невин според судот, а сепак казнет        Стојанче Ангелов: Да се засили следењето на „темпираните бомби“ со трауми од конфликтот        Исказот на полицаецот од Фергусон: Браун можеше да ме убие со голи раце        Алармантно загадување на воздухот во Скопје, Тетово и во Битола        Веројатно не знаете дали сте алергични на ова, а би можело да ве убие        Ставревски по инвеститори во Чешка, а Бакарчески во Кина        Убиецот од Злетово една недела претходно бил осуден за семејно насилство?             Skip Navigation Links
ВИДЕО Тевдовски: Еве решенија за поголем извоз!
Објавеново 14:19 23 ноември 2014| Прочитано920| Печати
Претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски на денешната прес-конференција потсети дека особено за земја со мал внатрешен пазар како Македонија, растот на домашните претпријатија е клучен за остварување на одржлив економски раст повисок од 6 проценти годишно.

- За жал, поради несоодветни политики, Република Македонија остварува понизок раст на извозот од соседните земји. Според UNCTAD годишната стапка на раст на извозот на Македонија во 2013 година изнесува само 6,6 проценти. Тоа е многу понизок раст на извоз во споредба со земјите од соседството како Србија (28,7 проценти) и Албанија (18,4 проценти). Постојат два главни проблеми на стратегијата на актуелната власт. Прво, новиот извоз има многу висока увозна компонента, т.е. неговата додадена вредност е мала. Второ, власта се фокусира единствено на извоз од странски компании на кои им дава огромни привилегии. А, домашните претпријатија се целосно заборавени – рече Тевдовски.

 

Тој додаде дека за СДСМ, домашните претпријатија се основата на македонската економија и дека тие треба да добијат поддршка и поттик за ширење на странските пазари.

СДСМ предлага три директни мерки за поттикнување на извозот на домашните претпријатија:

-Доделување на градежно земјите, ослободување од комуналии и увоз на потребна опрема без давачки за секое ново извозно ориентирано претпријатие коe ќе вработи најмалку 10 нови лица.Државна гаранција во висина до 30% од потребните финансиски средства за изградба на нов извозно ориентиран капацитет која ќе го олесни одобрувањето на кредит од деловна банка. Исто така покривање на трошоците за камата во првите 3 години.Брендирање на македонските производи со парична поддршка до 4 илјади евра по претпријатие. Целта е да им се помогне на домашните мали и средни претпријатија, околу креирање на адекватно лого, дизајн на пакувањата и маркетинг план за промоција или ребрендирање. Ова е потребно бидејќи многу домашни претпријатија имаат добри производи кои не се соодветно спакувани и тешко се препознаваат како бренд. Со реализација на оваа мерка македонските производи ќе станат препознатливи брендови за купувачите – рече Тевдовски.

Тој потенцираше дека СДСМ презема обврска овие мерки и решенија да ги реализира при доаѓањето на власт.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо




Tevdo
Ovoj e golem majstor za recepti za radavanje na javnite sredstva. A, na cija smetka ke razdava? Koj ke plati so danoci i pridonesi za site darovi na "izvozno" orientiranite (site se izvozno registrirani!)?
Објавено на 23-11-2014 16:29
Jordan
Ne ni treba nikakva paricna pomos. Ako sakate navistina da pomognete, ukinete ja carinata i trgnete gi drzavnite regulativi preku koi se vlecat parite od domasnite kompanii, pogotovo onie sto se izvozno orientirani. Ostajte im gi parite na kompaniite. Za dzabe drzavata e da im dava pari na kompaniite vo edniot dzeb, a da im gi zema od drugiot dzeb. Zosto site zboruvaat za davanje vakva ili takva pomos na domasnite kompanii, a ne zboruvaat za kratenje na rasipnickoto drzavno trosenje.
Објавено на 23-11-2014 16:29
Напиши коментар

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.

 

   
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
12345
Страница 1 од 24
За содржини постари од 15.10.2014 погледнете во нашата архива: arhiva.plusinfo.mk