• 27 септември 2016
  • Вести денес: 83
Плусинфо15:43 04 декември 2015 ● Прочитано 1960

Основното јавно обвинителство Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и другите обвинителства денеска ги предадоа предметите кои ги побара Специјалното јавно обвинителство, а кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

 

„Воедно, постапувајќи согласно одредбите на Законот за кривична постапка и Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, основните јавни обвинителства ги предадоа и останатите предмети (31) што се оформени за кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Предавањето на предметите е согласно на Законот за кривична постапка, според кој за постапување по овие предмети е стварно надлежно Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, се наведува во соопштението.​ 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тримесечно бебе од Штип заболено од магарешка кашлица

Вакцинацијата против оваа болест е задолжителна, но кај бебето болеста се појавијала пред терминот за имунизација.

„Побједа“: МПЦ на добар пат за помирување со СПЦ

„Побједа“ пишува и дека на осветувањето на Храмот на Свети Јован Владимир во Бар присуствувале владиката на СПЦ, Јован и владиката на МПЦ, Тимотеј.

Студенти-тутори бесплатно ќе подучуваат ученици

Пријавувањето е од 1-ви до 30 октомври на интерактивниот портал за тутори: tutori.mon.gov.mk.

Атанасов ги повика МОН и Општина Тетово да најдат училници (ВИДЕО)

Министерството за образование и општина Тетово, мора овој случај веднаш да го решат, рече Атанасов.

Девојка од Кавадарци починала од преголема доза цитостатици?

Девојката починала на крајот од минатиот месец, десетина дена откако и била дадена цитостатската терапија.

НАЈЧИТАНИ