• 25 август 2016
  • Вести денес: 40
Плусинфо16:27 23 октомври 2015 ● Прочитано 1734

Огромен труд и знаење вложи ВМРО-ДПМНЕ за Република Македонија да ја добие препораката, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставот на СДСМ дека лично премиерот Никола Груевски ќе биде виновен ако, Македонија не добие препорака за преговори од ЕУ.

„Нема бегање од избори и од соочување со граѓаните. Огромен труд и знаење вложи ВМРО-ДПМНЕ за Република Македонија да ја добие препораката. Таа беше најголем успех не само за нас, туку за граѓаните и за државата. Знаеме колку боли кога некој прави обиди да ги сруши сите успеси во обид да се приграби ситна, лична политичка корист.ВМРО-ДПМНЕ секогаш на врвот на приоритетите ги имало интересите на Република Македонија и нејзините граѓани. Знаеме дека СДСМ не чувствува никаква одговорност, ниту кон овој свет ден за сите Македонци, ниту кон препораката или кон се што е постигнато изминативе 10 години. Може преку своите први луѓе да продолжат да пласираат тези за Премиер Албанец или албански за сите деца уште во градинка, но тоа нема да помине. Нема да поминат уцените.Ќе мора во април да се соочат со граѓаните и повторно ќе го слушнат нивниот одговор“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Наместо нов Медицинар се крева трева (ГАЛЕРИЈА)

Напуштениот дом е голем проблем за луѓето кои мораат да минуваат оттаму за да отидат на преглед. Лекарите велат дека и ноќе е опасно.

Заев: Сочувствуваме со граѓаните во Италија и подготвени сме да помогнеме

„Со големо жалење и загриженост ги следиме информациите за ситуацијата со големиот број настрадани и тешко повредените“, се вели во телеграмата.

СДСМ: Петтиот член на ад-хок телото мора да биде експерт

СДСМ вели дека на Груевски не му останува ништо друго освен да го спречи целосното екипирање на ад хок комисијата.

Скопјанец пронајден мртов кај езерото Треска

Него го забележал случаен минувач, кој веднаш повикал Брза помош, но таа констатирала смрт.

СЈО ќе приведува ако сведоците двапати ги игнорираат поканите

Тоа се однесува и на лицата кои доставиле и боледување како оправдание, како што е случајот со еден од клучните сведоци кого СЈО го канело уште од мај

НАЈЧИТАНИ