10 февруари 2016
Вести денес: 0
    Американски лобисти креираат европски закони        Година на „бомбастично“ живеење        Тричковски: Враќање на европскиот пат!?        Три возила се судрија кај Сити мол, нема повредени         Човечка грешка причина за железничката несреќа во Германија        Турција го повика американскиот амбасадор поради сириските Курди        Русија им предложи на САД план за прекин на огнот во Сирија        Цело одделение во Сараево научи знаковен јазик поради глувонемо другарче            
Skip Navigation Links
Раиконен казнет, Мерцедес ја одбрани титула во конкуренција на конструктори во Формула 1
Објавеново 10:52 12 октомври 2015| Прочитано542| Печати
МИА

 Екипата на Мерцедес е старо-нов шампион во Формула 1 во конкуренција на конструктори, бидејќи на денешната трка во Сочи освои доволно бодови да биде недостижна за ривалите.

Голем придонес Мерцедес да стигне до трофејот на четири трки пред крајот има возач на Ферари, Кими Раиконен, кој во последниот круг го удри Валтери Ботас од Вилијамс. Поради инцидентот Финецот, кој ја заврши трката на петтото место, доби казна од 30 секунди и падна на осмото место и освои само четири поени.

Затоа сега Мерцедес има недостижни 531, а Ферари 365 поени, во пресрет на трката за Големата награда на Америка.

Веќе на таа трка (Остин 25 октомври) возачот на Мерцеес Луис Хамилтон може да ја одбрани титулата доколку освои 11 бодови повеќе од Фетел и два повеќе од клупскиот колега Нико Розберг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА