Последна промена пред 13 минути | Сабота 25 Мај 2013 | 91 0

Запален олимпискиот оган

  • Објавено: 10.05.2012 13:38
  • Прочитано: 168
  • Печати

Денеска во древната Олимпија, Грција беше запален олимпискиот оган, кој за 70 дена треба да пристигне во Лондон по поминати околу 13 илјади километри. Факелот со олимпискиот оган ќе биде пренесен од околу 8000 луѓе на неговиот пат од Грција до Велика Британија, во чија престолнина на 27 јули ќе бидат отворени Игрите.
На церемонијата, во која актерки во антички костими под рушевините на 2600 години стариот храм на Хера го повикаа богот Аполо и со огледало го запалија огнот, присуствуваше претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Жак Рог, кој од вчера стана почесен граѓанин на древната Олимпија. Олимпискиот оган ќе им биде предаден на британските организатори на 17 мај на Олимпискиот стадион во Атина, каде се одржале првите модерни Олимписки игри во 1896 година.

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
/style/images/intervju-title.jpg

Биолошките лекови се иднината за пациентите со најтешки заболувања

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Tanja slika.JPG Објавено: пред 22.05.2013 14:45
Прочитано: 1050

Татјана Чекаров, в.д. директор на претставништвото на „Хофман Ла Рош“