Последна промена пред 4 часа | Среда 19 Јуни 2013 | 1 0

Јахјага го врати на преразгледување кривичниот закон поради ограничувањата врз медиумите

  • Објавено: 09.05.2012 15:54
  • Прочитано: 226
  • Печати

Косовскиот претседател Атифете Јахјага го врати денеска во Парламентот на повторно преразгледување Кривичниот закон, чие прифаќање предизвика големо незадоволство и протести во јавноста.

Врз основа на уставните надлежности Јахјага во врати во Парламентот Кривичниот закон на Косово, откако оцени дека членовите 37 и 38 од законот им противречат на членовите 40 и 42 од косовскиот Устав, се наведува во соопштението од кабинетот на шефот на државата. Во двата члена на Уставот се гарантира слободата на изразување на медиумите.

Одлуката на Јахјага беше поздравена од Асоцијацијата на професионалните новинари на Косово и Здружението на новинарите на Косово.

Во знак на протест поради законот, со кој се нарушува слободата на медиумите, косовските новинари минатиот четврток ги бојкотираа државните институции и не информираа за нивните активности. 

Објавено: 09.05.2012 20:38

Лазо:

Ајде Џоле полтрону еден, учи од твојата колешка од Косово.
Жално е до каде дојде Македонија, а уште пожално е за тебе, т.н интелектуалец да бидеш послушник и безгласна буква на Грујо.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
/style/images/intervju-title.jpg

Го избркаа Христа со вулгарностите и вандализмот

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Pimen.jpg Објавено: пред 13.06.2013 11:45
Прочитано: 5581

Пимен, Митрополит Европски