Последна промена пред 1 минута | Среда 19 Јуни 2013 | 72 2

Градоначалникот на Старо Нагоричане се соочува со затворска казна од една до пет години?

  • Објавено: 08.05.2012 20:58
  • Прочитано: 2654
  • Печати

Обвинителството во Куманово ја проширува истрагата за случајот со градоначалникот на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ кој прегази пешак и избега од местото на несреќата, објави попладнево Алфа телевизија. Според информациите на телевизијата,  јавниот обвинител во случајот против Јовановиќ потврдил дека е во тек истражната постапка и градоначалникот наместо да одговара само по став 3 од членот 300 од Кривичниот законик, ќе одговара и по став 4, во кој стои дека доколку настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.

Казна за градоначалникот на Старо Нагоричане побара и семејството на 31- годишниот Срѓан Лазаревски кој почина од тешки повреди на главата. Поминаа две седмици од несреќата, а Јовановиќ сеуште нема понесено никаква политичка одговорност иако тоа од него го побара опозициската СДСМ. Градоначалникот Јовановиќ по несреќата упорно ги избегнува новинарите и не ја открива неговата верзија од несреќата.

Објавено: 09.05.2012 20:20

каменко:

За тебе пријателе само една поголема кола да те собере на некој пешачки, да леташ едно 20 метри во воздух, токму така како што ти му направи на јадникот во Куманово.
Додека некој не ви направи така, сите вие од ДПМНЕ ќе се силите и ќе мислите дека може да правите што сакате во оваа наша банана држава.

Објавено: 09.05.2012 17:11

Gile:

Miki bravo za tvojot komentar , ne mi e jasno kako moze nekoj koj pregazil covek i ne mu pruzil nikakva pomos da e seuste na sloboda ...za zal vo ovaa nasa drzava sudovite funkcioniraat mnogu loso za ubistvo kaznite se premnogu mali ...ovoj treba da se osudi na dozivoten zatvor !! ili od 1-4 god. zatoa sto ima partiska kniska od vmro???

Објавено: 09.05.2012 11:43

miki:

Ljube za 100.000 evra,7 godini zatvor,Velija i kompanija za danok 13 god zatvor (samo Velija)za stopanski kriminal od 1 do 10 godini zatvor.Da bea pametni,so kola podnapijani mozea da ja izgazat cela vlada i ke dobiea od 1-5 godini.Tolku vredi coveckiot zivot.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
/style/images/intervju-title.jpg

Го избркаа Христа со вулгарностите и вандализмот

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Pimen.jpg Објавено: пред 13.06.2013 11:45
Прочитано: 5663

Пимен, Митрополит Европски