Последна промена пред 2 часа | Среда 19 Јуни 2013 | 0 0

Електронското пребројување на гласовите ќе ја чини Албанија 7 милиони евра

  • Објавено: 07.05.2012 20:50
  • Прочитано: 506
  • Печати
Една од точките по која е постигнат целосен консензус меѓу албанските политички парти во врска со изборната реформа е електронското пребројување на гласовите.

Ваквиот начин на пребројување на гласовите на изборите во 2013 година, како што јави дописникот на МИА од Тирана, земјата ќе ја чини 7 милиони евра.

Според експертот за дигитална технологија Пјерин Марку, овој износ е помал од плаќањето на членовите на избирачките одбори и пребројувачите кои процесот го забавуваа и со недели.

Тој додава дека купување или земањето под наем на оптички скенери, ќе ги елиминира досегашните оспорувања и ќе овозможи навремемо објавување на изборните резултати.

- Доколку има милион и пол гласачи и се земат 100 скенери резултатите ќе излезат за седум часа, ако пак се земат 200 скенери резултаите ќе бидат познати за три и пол часа. Во краен случај тие ќе бидат познати во текот на ноќта, што значи дека Албанија резултатите ќе ги има утрото, изјави Марку. 

Објавено: 07.05.2012 21:23

Aleksandar:

И кај нас вакво нешто треба.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
/style/images/intervju-title.jpg

Го избркаа Христа со вулгарностите и вандализмот

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Pimen.jpg Објавено: пред 13.06.2013 11:45
Прочитано: 5563

Пимен, Митрополит Европски