Последна промена пред 2 минути | Среда 19 Јуни 2013 | 89 2

Каролина Гочева за „Блиц“: Вљубена сум

  • Објавено: 06.05.2012 13:51
  • Прочитано: 3607
  • Печати

Македонската пејачка Каролина Гочева неодамна престојувала во Белград, па во разговор за српски „Блиц“ покрај за професионалните ангажмани открила и детали за за приватниот живот.
- Моментално за македонскиот пазар подготвувам „бест оф“ компилација со своите најголеми хитови, така што сега сум најмногу окупирана со тоа. Исто така сум во фаза на барање на сингл, односно избирање, бидејќи сакам да биде она вистинското и да им се допадне на моите фанови. Покрај старите хитови, на таа компилација ќе има и неколку нови нумери. Во Македонија во теке е една кампања за мобилен оператор, чие заштитно лице сум, а имам и една хуманитарна акција со која се занимавам - рекла Гочева за „Блиц“. 
Пејачката изјавила дека моментално не настапува многу бидејќи ја чека летната сезона, кога е најактивна. Иако не сака да зборува за својот емотивен живот, Каролина сепак открила дека е вљубена, што го потврдува и нејзиниот изглед, за што таа рекла оти намногу се должи на гените. 
-Гените се најзаслужни за мојот добар изглед, и секако малку шминка. Ние жените ја имаме привилегијата кога ќе се нашминкаме, да изгледаме супер. Не сум залудена и преку ден и приватно скоро и не се шминкам. Впрочем, јас сум пејачка, а не модел, па не се грижам околу тоа дали ќе се здебелам некој килограм и во секој момент да изгледам перфектно - открила пејачката за весникот. 

Објавено: 07.05.2012 15:12

vesna:

se slozuvam

Објавено: 07.05.2012 11:58

cao amore:

ne e veke interesantno koga se vljubuva po 101 pat.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
/style/images/intervju-title.jpg

Го избркаа Христа со вулгарностите и вандализмот

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Pimen.jpg Објавено: пред 13.06.2013 11:45
Прочитано: 5687

Пимен, Митрополит Европски