• 01 октомври 2016
  • Вести денес: 30
Плусинфо14:43 25 септември 2015 ● Прочитано 796

Здружението „НОВУС“ денеска организираше работилница на тема „Запознавање на Европската унија и работата и структурата на институциите на ЕУ“ во рамките на проектот „Запознај ја Европската унија – делувај европски“, кој што е поддржан со средства од буџетот на општина Струмица, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани.
 

- Целта на оваа работилница е да се запознаат граѓаните, посебно младата популација со начинот на функционирање на Европската унија, како работат нејзините институции, но и да промовираме европски вредности и принципи. Во рамките на овој проект ќе биде реализирана уште една работилница, конкретно за ЕРАЗМУС плус и за европските фондови, ќе организираме јавна дебата, а ќе биде распишан и јавен повик за објавување на трудови поврзани со ЕУ. Паралелно со овие работилници и активности ќе работиме и на истражување преку кое сакаме да испитаме колку граѓаните се запознаени со Европската унија и нејзините институции и дали со влезот на Македонија во ЕУ, ќе се подобри животниот стандард на граѓаните и дали ќе има подобра иднина за младите - рече Ѓорги Тасев од здружението „НОВУС“.

Според Андреја Стојковски, претседател на Македонскиот центар за европско образование, кој беше предавач и обучувач на работилницата, оваа иницијатива на „НОВУС“ е за поздравување затоа што таа е поддршка на процесот на зачленување на Македонија во ЕУ.

- Процесот на пристапување во ЕУ не е пристапување на државата бидејќи тоа не може да застане тука, односно, пристапувањето не завршува со пристапувањето на државата, граѓаните се тие што пристапуваат во Унијата и од таму информирањето и едуцирањето на граѓаните за ЕУ, за начинот на кој што функционира и ги креира своите политики, е особено важен. Ова е работа која државата треба самата да ја направи и секоја иницијатива која постои, особено ваква иницијатива која што ја презема граѓанското општество е за поздравување, затоа што е поддршка на тој процес. Денеска имаме триесетина млади луѓе од Струмица кои верувам ќе го почнат својот работен век во ЕУ - рече Стојковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Утре конгрес на СДСМ

Конгресот ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток во 12 часот.

Шекеринска: Вие кои се борите со рак на дојка, не сте сами, заедно ќе се избориме! ВИДЕО

Се залагаме за зголемување на бројот на лекови на позитивната листа коишто се напредни, коишто овозможуваат на жените да живеат со оваа болес...

ЕКСКЛУЗИВНО Груевски ќе бара од Вашингтон тој да ја состави идната концентрациона влада

Плусинфо дознава дека амбициите на Груевски се многу поголеми од поправање на нарушениот имиџ

ЛДП: Силна поддршка во борбата против ракот на дојката

Ракот на дојката е болест од која се загрозени многу луѓе и заедно со поддршката на своите најблиски, секојдневно се борат со последиците од неа.

Груевски: Не ги оправдувам постапките ни на бугарските граѓани ниту на Миленко Неделковски

Според него, проблемот требало и треба да се решава институционално, а не на начин кој ќе создаде проблеми, гнев, омраза и меѓусебни обвинувања.

НАЈЧИТАНИ