10 февруари 2016
Вести денес: 113
    Манчевски во Кичево: Уште едни криминални избори нема да има! ВИДЕО        Шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус поднесе оставка        ЕК: Земјите на балканската рута да работат на сместување на бегалците        Утрешен „Слободен печат“: Издржете, деновите на оваа власт се одбројани - Зоран Заев на средби со граѓаните        СДСМ: Грубо се кршат работничките права во конфекциската и во чевларската индустрија во Крива Паланка ВИДЕО        СЛОБОДЕН УДАР Чистење се по список        ЕК ја повикува Турција да го запре илегалното преминување кон Грција        Грчките земјоделци се закануваат со засилување на протестите против пензиските реформи            
Skip Navigation Links
Соседите во Кисела Вода ќе си гледаат во спалните
Објавеново 15:45 24 септември 2015| Прочитано1735| Печати
Весна Дамчевска

Жителите на Скопје последниве години се сведоци на масовна изградба на згради на секоја слободна површина меѓу старите, со што се уништува зеленилото и се газат некогашните плански решенија за урбаното живеење.

Познавачите на состојбите објаснуваат дека инвеститорите на ваков начин доаѓаат до земјиштето во центарот на градот и во неговата блиска околина, а дополнително олеснување им е тоа што имаат целосно изградена инфраструктура - пат, струја, вода и парно греење.

Во Општина Кисела Вода во тек е изградбата на две згради во непосредна близина на постојните. Пред неколку дена жителите на оваа населба, протестираа на местото каде што почна изградбата на една седумкатница.

- Ниту ние ниту тие од другата зграда ќе имаат воздух. Од друга страна, ќе немаме никаква приватност. Ќе треба да седиме со спуштени ролетни за некој да не ни ѕирка во спалната соба - револтирано вели жител од Кисела Вода.

Инаку, на само неколку метри до детската градинка, исто така во зеленило, во Кисела Вода се гради зграда на осум ката. 

Од Општина Кисела Вода за „Слободен печат“ велат дека „притисокот на јавноста не е правен основ за поништување на ДУП, врз основа на кој инвеститорот или сопственикот на одредена парцела отпочнува со градежни активности“.

Оттаму посочуваат дека целата постапка околу донесувањето на ДУП за парцелата за која сега се бунат граѓаните била целосно транспарентна.

- Пред неговото донесување во октомври 2013, претходно беше изложен на јавна анкета, а на средбата со жителите на месната заедница 11 Октомври, тие беа информирани за оваа анкета и можноста да го кажат своето мислење и евентуалните забелешки. За посочената градежна парцела немаше никакви забелешки од граѓаните - велат од Општина Кисела Вода и потенцираат дека земјиштето сега му припаѓа на приватен инвеститор и дека продажбата била транспарентно објавена во три дневни весници.

Од Општината потенцираат дека нема да се гради некоја висококатница, туку дека ќе се гради зграда со приземје, 5 ката и поткровје, но и дека ќе останат непроменети паркот и игралиштето.

На почетокот на Кисела Вода, пак, се гради станбениот комплекс „Флетаирон“ инспириран од архитектурата во Њујорк, со височина од 55 метри. Зад почнатиот станбен комплекс сега има вистински рид од ископините, а околните жители прашуваат зошто инвеститорот не го отстрани. Од Општина Кисела Вода објаснувaат дека се работи за ископана земја, која ќе се употреби за пристапна улица што ќе се реализира по завршувањето на објектот на „Адора“. 

 

(Објавено во „Слободен печат“)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА