Последна промена пред 32 секунди | Среда 19 Јуни 2013 | 74 2

Отворено писмо од актерката Лилјана Велјанова: Окупација во една (грда) слика

  • Објавено: 23.04.2012 15:11
  • Прочитано: 8229
  • Печати

Како што и е познато на јавноста, во НУ Драмски театар од 17-ти до 24-ти април, се случува гостување на театрите од Македонија, под девизата „Окупирај го Драмски“.

За жал, 19 април 2012 год, ќе остане запишан како црн датум во историјата на оваа, некогаш реномирана, театарска институција. Наместо, како што е вообичаено, 15 минути пред почетокот на претставата, во случајов „Онегин“ на велешкиот театар, публиката да се покани во просторот на фоајето и салата, таа беше оставена да чека надвор, цел час, затоа што, замислете, една партија (ВМРО-ДПМНЕ, н.з) си дозволи да ја ОКУПИРА салата на Драмски, и во неа да одржува трибина за  членството  од Општина Карпош.  Со кое право, во термин кога театарот треба да ја врши основната дејност за која е финансиран од државата, која било партија, па дури и ако е партија на власт, смее да си дозволи да го узурпира неговиот простор за свои  партиски активности?

Невидена и нечуена дрскост и  ароганција. Демонстрација на самоволие, самозаљубеност и врвен примитивизам, од позиција на сила и моќ.

Знае ли воопшто врвот на партијата, по чие барање се организираат вакви трибини, што е театар? Знае ли дека театарот има свои непишани правила пред почетокот на секоја изведба на одредена претстава? Знае ли дека во театарот не се проектира филм, туку настапуваат живи луѓе, актери и дека ним им се непоходни елементарни услови за работа, мир и тишина, време за посветување на драмската материја пред средба со публиката? Знае ли дека сценскиот декор треба навремено да биде поставен, најмалку еден до два часа пред почетокот на претставата и тоа кога се работи за вонредни состојби, дека светлото се позиционира зависно од местоположбата на декорот, дека актерите, по правило, имаат потреба од контакт со сцената на која настапуваат, некогаш и од цела проба, особено кога, како во случајов, се работи за гостување и за „освојување“ на нов простор? Знае ли, конечно, што значи публиката за еден театар? Таа  во него не доаѓа под присила, не извршува партиска задача, туку го посетува исклучиво по сопствена воља, интерес и желба и затоа заслужува должно внимание и  почит. БЕЗ ПУБЛИКА НЕМА ТЕАТАР !

Во нормални држави, по ваков невиден гаф, директорот на уметничката институција веројатно би си поднел оставка, засрамен што партијата, во која и самиот членува, покажала такво елементарно непочитување кон професијата и фелата на која тој исто така  и припаѓа. 

Но ние веќе одамна не сме нормална држава!                                                                      

Лилјана Велјанова
актер

                                                                      

 

Објавено: 24.04.2012 18:34

natasa:

svaka cas lile

Објавено: 24.04.2012 12:51

Alf:

Imase na vremeto edna srpska emisija neshto.."Trazili ste gledajte"...
Ako vi e na site sto se zalite sega... Pak da gi glasate nareden pat ili sedete doma..A ako ednostavno ima vo ovaa drzava poveke neobrazovani,nekulturni, prosti sustestva, begajte... Djabe e zalenje se...

Објавено: 24.04.2012 10:36

Turcin:

DPMNE I TEATAR...... :)))))))))))))
Sporedbava e kako MAGARE I MUZIKA.... :)))

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
/style/images/intervju-title.jpg

Го избркаа Христа со вулгарностите и вандализмот

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Pimen.jpg Објавено: пред 13.06.2013 11:45
Прочитано: 5665

Пимен, Митрополит Европски