Последна промена пред 1 минута | Четврток 20 Јуни 2013 | 25 0

Завршија сништата на Фени за одбрана на тронот во БИБЛ

  • Објавено: 21.04.2012 19:15
  • Прочитано: 208
  • Печати

Кошаркарите на Фени индустри со 86-76 загубија од Левски во првиот полуфинален меч на фајнл-фор турнирот во регионалната БИБЛ лига во Ган Нер, Израел. Тимот од Софија имаше водство во поголемиот дел од мечот и заслужено обезбеди пласман во големото финале кое ќе се одигра в понеделник, каде ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу израелските тимови Галил Гилбоа и Макаби Тел Авив.
Со поразот се урнаа шансите на избраниците на Емил Рајковиќ за одбрана на трофејот освоен лани пред своите фанови во Кавадарци.
Клучен за победата на Левски беше Арон Харпер со 30 поени, 8 скока и 6 асистенции, додека кај кавадарчани прв стрелец беше Иван Лилов со 20 поени (6 скока, 3 асистенции). Одлична игра прикажаа и Џарид Фрај и Дарко Соколов, кои постигнаа 19, односно 17 поени, кои за жал сепак се покажаа недоволни за пласман во финалето.

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
/style/images/intervju-title.jpg

Го избркаа Христа со вулгарностите и вандализмот

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Pimen.jpg Објавено: пред 13.06.2013 11:45
Прочитано: 5868

Пимен, Митрополит Европски