Последна промена пред 16 минути | Четврток 20 Јуни 2013 | 1 0

Kлиент победи банка во Србија поради зголемување на маржата на кредитот

  • Објавено: 26.03.2012 20:32
  • Прочитано: 514
  • Печати
Во Србија е донесена првата пресуда во која физичко лице на суд успеа да „победи“ банка откако клиент на КБЦ Банка неодамна издејствувал одлука против таа финансиска институција поради зголемување на фиксната маржа за станбен кредит, објави Блиц.

Тоа е прв случај суд да оцени дека банката не смеела да ја промени фиксната камата на станбен кредит со образложение дека тоа е во согласност со нејзината бизнис политика.

Клиентот кој побарал анонимност, во октомври 2010 година од банката добил зголемување на маржата од еден на 3,5 отсто. Во договорот со банката пишува дека каматата за тој кредит во девизи е дефиниран како збир на фиксна маржа и шестмесечен либор. Во еден член пишува дека банката има право да ја менува висината на каматата во согласност со промена на своите бизнис акти. 

Во спор кој траел една година судот со пресудата ја поништил таа одредба од договорот и со тоа укажал дека е прекршен Законот за облигациски односи и на клиентот да му се врати сума која ја платил над првобитно договорената маржа. 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
/style/images/intervju-title.jpg

Го избркаа Христа со вулгарностите и вандализмот

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Pimen.jpg Објавено: пред 13.06.2013 11:45
Прочитано: 5840

Пимен, Митрополит Европски