Последна промена пред 49 секунди | Четврток 24 Април 2014 | 122 3

„Во центар“ на Васко Ефтов цензурирана?!

  • Објавено: 12.03.2012 21:27
  • Прочитано: 12534
  • Печати

Новинарот и автор на емисијата „Во центар“ Васко Ефтов, информираше дека Алфа телевизија вечерва одбила да ја емитува неговата емисија, а претходно го информирала дека „биле исплашени од најавата“. 

- Со жалење ве известувам дека „Алфа“ телевизија вечерва не ја емитуваше емисијата „Во центар“. Денеска околу 16 часот, ме информираа дека најавата за емисијата била многу јака и дека биле „исплашени“ поради тоа. Се надевав дека ќе соберат доволно демократски кураж и дека ќе направат нормален чекор и ќе ја објават емисијата. Но, очигледно џингловите со „Скопје 2014“ покажуваат некои тенденции во телевизијата, објави Ефтов во својот фан клуб на Фејсбук кој брои повеќе од дваесет илјади членови.

Од најавата која неколку денови претходно Ефтов ја постави во клубот, се гледа дека неговите извори на информирање го критикуваат премиерот Никола Груевски и неговиот коалициски партнер Али Ахмети. 

Ова не е прв пат емисиите на Ефтов да не се емитуваат. Претходниот пат на Канал 5, непосредно пред изборите, телевизијата поради наводен технички проблем не ја емитуваше емисијата посветена на Никос Грујос, дедото на премиерот Груевски. Сепак, ваквите постапки кои јавноста ги коментира како цензура, придонесуваат емисијата „Во центар“ уште повеќе да се гледа и да се споделува на социјалните мрежи.

МС

 

 

Објавено: 13.05.2012 19:11

Rio:

Vasko Eftov e edinstveniot novinar koj e realen i e ziva legenda na balkanot...You are the best...

Објавено: 13.03.2012 15:16

krt:

Ja proslediv cenzurirananata emisija "Vo centar" na Vasko Eftov na You tube, i ne gledam ama bas nisto sto nekogo mozelo da go "isplasi" od toa za sto se zboruva vo emisijava, taka da seto sto e tamu izneseno i od avtorot na emisijata i od drugite ucesnici veke polna mi e glavata so tie informacii od sekojdnevnite dnevni vesti, sopstenija od site ama bas od site zavisni i "nezavisni" TV, vesnici, analiticari, taka da ne znam na kogo mu trebalo i so kakov um bil toj sto dal nalog da se cenzurira emisijata. Pa toa e edna prosecna emisija so notorni fakti i pretpostavki sto sekoj den gi slusame i so koj ne "bombardiraat" site novinari, goamiti kojznae sto novo kazale, kako da izmislile "topla voda" vo Makedonija, pa toa e sekojdnevie, toa e nasiot zivot, a i nasa sudbina. Nisto novo nema kazano, nitu pak nesto sto narodot ne go znae, toa sto go iznesuva Eftov i drugite sogovornici i cavkite go znaat, ama izgleda nekoj ima sto se plasi da ne "leta" od rabota pa bil slep poslusnik. Mene emisijata duri mi stana iskreno da kazam gledajki ja i slusajki ja dosadna, te se edno isto se povtoruva, Efov znael da pravi i mnogu pokvalitetni i poskaklivi emisija od ovaa. Nisto strasno, ama izgleda nekoj namerno so nas se zafrkava kako bi izgledalo pred svetot deka vo nasata zemja veke se pocnuva da se cenzurira. Iskra, slobodno pusti ja emisijava, nisto nema strasno vo nea, toa e za mene edna hronologija na nastani i upornosta na novinarot so svoi prasanja i svoi odgovori da go popolni terminot za emituvanje na negovite emisii vo ponedelnik. Nekoj izgleda mnogu jako se plasi od javno iskazaniot zbor, kritika i konstatacija. Imalo i postrasni raboti.

Објавено: 13.03.2012 15:10

Bubo:

Jas neznam kako kaj Vas seuste raboti Zoran Ivanov,eden od najkvalitetnite novinari,drug nemate!! ukinete ja i Presing !!!

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
/style/images/intervju-title.jpg

Гласајте без страв за да ја прекинеме оваа агонија

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Stevo Pendarovski.jpg Објавено: пред пред 5 часа
Прочитано: 712

Стево Пендаровски