• 29 јуни 2016
  • Вести денес: 1
МИА11:35 01 август 2015 ● Прочитано 307

 Тренерот на Баерн Пеп Гвардиола изјави дека не знае дали и следната сезона ќе биде на кормилото на Баерн, но истотака истакна дека нема добиено понуда од друг клуб.

- Јас сум тренер на Баерн и среќен сум тука. Немам донесено одлука за тоа каде би ја продолжил кариерата. Имам време да размислам, а ако се решам да го продожам договорот со Баерн тоа ќе биде по добра анализа бидејќи не сакам да бидам проблем за клубот. Немам добиено понуда од друг клуб, изјави Гвардиола.

Пред неколку денови се појави информација дека на крајот од сезоната откако ќе му истече договорот со Баерн, Гвардиола ќе замине во Манчестер Сити.

Како тренер на Баерн Гвардиола освои две титули во Бундес лигата, еден Куп на Германија, УЕФА Супер куп и Светско клупско првенство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Работнички одигра нерешено 1:1 против Будуќност

Фудбалерите на Работнички може да жалат што не ја совладаа црногорската екипа Будуќност во првиот натпревар од Лига Европа.

Познати учесниците во новото издание на Евролигата

Раководството на кошаркарската Евролига денеска ги објави имињата на екипите кои следнат сезона ќе играат во ова еврпско клупско натпреварување.

Јовиќ го објави широкиот список од 22 ракометари пред ЕП

Најголемиот дел од ракометарите доаѓаат од двата тима на Металург.

Чави Пасквал од Барселона се сели во Лаборал Куча

Долгогодишниот тренер на шпанскиот кошаркарски гигант Барселона, Чави Пасквал од „Блау Грана’’ се сели во Лаборал Куча.

Одбојкарите подготвени за завршниот турнир во Европската лига

Завршниот турнир од Европската лига ќе се одржува во Варна, Бугарија, на 1 и 2 јули.

НАЈЧИТАНИ