Последна промена пред 19 минути | Петок 18 Мај 2012 | 97 0
http://v2plusinfo.cfd.mk/commercials/filipVtori2.jpg

„Фајненшл Тајмс“ пишува за понудата на акции на скопски „Тобако“

  • Објавено: 19.01.2012 13:08
  • Прочитано: 1033
  • Печати

„Тобако“ АД, брзо растечки ланец на продавници во Македонија, се обложува дека дури и во време на штедење луѓето ќе продолжат да пијат, да пушат и да ги плаќаат сметките за парно, струја и вода. Компанијата од Скопје, која веќе има 55 продавници во Македонија, планира да подигне 2 милиони евра перку иницијална јавна понуда на акции на берза за да ја финансира својата експанзија на Балканот, пишува лондонски „Фајненшл Тајмс (ФТ),“ за најавената првична продажба на акции на „Тобако“ на Македонската берза за хартии од вредност, која треба да започне на 1 февруари.

- Нашиот главен приоритет е штом ова се заврши, веднаш да се отворат продавници во Косово, Србија и Албанија – вели за ФТ сопственикот на „Тобако,“ Бошко Јанев.

Тој е веќе во преговри со српскиот ланец „Корнер шоп“ и со можни партнери во Косово и Албанија. А, во меѓувреме, компанијата планира да отвори уште 15 нови продавници во Македонија.

Економската криза ги елиминира другите видови на финансирање, додава Јанев за весникот: „Немавме никаква поддршка од (комерцијалните) банки. Но, ни требаат пари за да ја комплетираме мрежата.“

Предложената иницијална понуда со состои од 200 илјади акции по цена од 637 денари, ќе започне на 1 февруари и ќе трае 3 месеци. Јанев смета дека капиталот на компанијата вреди 6 милиони евра, а нејзината пазарна вредност околу 12-15 милиони евра.

Иницијалната понуда на „Тобако“ е прва од ваков вид после светската рецесија. Две други фирми, исто така, издадоа акции во 2007 со спектакуларни почетни разултати. Но, дневниот промет на берзата падна од 6 милиони евра на врвот од тргувањето на 100 илјади евра деновиве и акциите на двете фирми сега вредат помалку од почетната сума.

- Беше специфично искуство, но и интересно, вели Реј Пауер за ФТ, сопственик на софтверска фирма од Велика Британија „иДевелоп“ АД. „Пазарот е сосема неликвиден и недостасуваат процедури за издавање акции и класично водење на деловните книги,“ додава тој.

Најголем дел од неговите 120 акционери го познаваат лично, а речиси никој не размислувал да го истражи пазарот, вели Пауер. „Ова не се луѓе кои сакаат да ги испробаат акциите на технолошките компании, на пример,“ вели тој.

Но, и покрај се, фирмата со 8 вработени, со самото тоа што котира – па дури и на невообичаената Македонска берза – обезбедува кредибилитет за меѓународните инвестициски партнери, смета Пауер.

Локалните мали инвеститори остануваат екстремно резервирани по падот од 2009-2010. Прометот во вторникот, на пример, беше 25 илјади евра. Со таква ниска ликвидност „можеш да влезеш на пазарот, но тоа не значи и дека можеш да излезеш,“ вели Александар Димишковски, деловен консултант од Скопје.

- Но, нова иницијална понуда на акции, тоа е нешто друго. Навистина има апетит меѓу домашните инвестициски фондови за било каква можност за инвестирање – додава тој.

Во случајот на „Тобако“ Европската банка за обнова и развој и Меѓународната финансиска корпорација, кои помогнаа во подготовката на понудата, се очекува да купат удели.

Амбициите на „Тобако“ коинцидираат со другите почетни потези кон обединување на поделените пазари во регионот кои имаат проблем да привлечат поголеми инвестиции од насилното растурање на Југославија во 1990-ите. На пример, државните лотарии работат на лансирање на комбинирана балканска лотарија.

Пауер, пак, заедно со поддржувачи од Велика Британија, во моментов ги прави подготовките за регионален земјоделски инвестициски фонд со идеја да донесе големи суми капитал за производство на млеко и млечни производи, пишува на крајот ФТ.

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>