Последна промена пред 4 минути | Четврток 17 Април 2014 | 84 0

Панорамското тркало ќе се гради на нов мост

  • Објавено: 21.12.2011 12:57
  • Прочитано: 1934
  • Печати

Новата скопска атракција Панорамското тркало ќе се издигне над уште еден нов пешачки мост, кој се планира да се гради помеѓу Музејот на ВМРО и Стариот театар од една страна и зградата на МЕПСО од друга. Всушност, тој мост е возобновување на стариот дрвен мост, кој скопјани го паметат уште пред катастрофалниот земјотрес во градов и е дел ДУП-от „Мал ринг“ уште пред дваесетина години.
Според објаснувањата на планерот Силвана Ванковска, во делот на пешачкиот мост е предвидена „површина со инфраструктура“, на која се предвидува да се постави тркалото, но не даде прецизни детали за тоа како точно би се извел целиот проект.
За архитектонското урбанистичко идејно решение за Панорамското тркало, досега се поништија два конкурса. Последниот поради измена на одредени параметри. Третиот конкурс е во тек, а трудовите треба да се достават најдоцна до 12 јануари. Досега, како победник на првиот конкурс и воедно единствен учесник на вториот беше архитектот Јован Стефановски – Жан, а за изработка на проектот за Панорамското тркало, од буџетот на градската власт за следната година се предвидени 500.000 евра. Новите измени на планот, со кои дефинитивно се тргнува маркичката за црква на градскиот плоштад и се заменува со административна зграда, висока 29 метри, а верскиот објект се поставува на локација помеѓу феудалната кула и Домот на АРМ, денеска беа презентирани пред мал број граѓани, кои реагираа на условите и тајмингот на излагањето на новите урбанистички решенија.
Критиките околу презентацијата беа поддржани и од претседателот на Асоцијацијата на архитекти во земјава, Даница Павловска, која достави и отворено писмо до градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, во кое се вели дека е недопустливо презентација за ДУП на најтесното централно јадро да се спроведува во време кога сите граѓаните се на работа, во мал простор, со оскудна презентација и без претходно изработена студија и јавни дебати со конструктивни дискусии во кои треба да бидат вклучени општата и стручната јавност.
-Недопустливо е без студија да се ставаат објекти на ваков начин. Во име на подигнување на ниската јавна свест, апелираме за подолги и поиздржани јавни презентации на плановите кои се однесуваат на централното градско јадро. Недопустливо е презентирање на ваков важен документ во извонредно бедни услови, во просторија 3 на 3 метри. Неопходна е широка јавна дебата за интервенции во најрепрезентативниот дел на земјава - вели Павловска.
ГМВ/БИ

Објавено: 22.12.2011 15:10

Dedo Mraz:

E ne ste normalni... Do koga be vaka, aman veke! Branko vrakaj se - Nikola polude!

Објавено: 22.12.2011 12:28

ing.arh.:

USTE EDEN KATASTROFALEN DUP , na Maliot ring.Ociggledno vlasta ne ja pocituva arh. fela ni 1%.Sramota .Sto napravivte od centarot na Skopje bre!!!

Објавено: 21.12.2011 23:07

citatel:

Eden dobar vidikovec od skopskoto kale ke go zameni trkaloto

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>