Последна промена пред 13 минути | Петок 18 Мај 2012 | 97 0
http://v2plusinfo.cfd.mk/commercials/filipVtori2.jpg

Снимен првиот долгометражен филм со мобилен телефон

  • Објавено: 18.12.2011 12:12
  • Прочитано: 289
  • Печати

Американскиот режисер Хуман Калили, со помош на Нокиа паметен телефон го снимил првиот долгометражен филм „Олива“.

Во главната улога е Џина Роланд, а филмот говори за инспиративна млада девојка. Снимен е со камерата на Нокиа Н8.

- Технологијата напредува толку брзо, што мобилните телефони за скоро време ќе станат примарни апарати кои можат се да прават. Во јануари 2010 ми дојде оваа идеја, и сфатив дека ништо слично не е направено - вели режисерот.

Приказната е за 10 годишна девојка која ќе го промени животот на три личности: огорчената старица која ја глуми Роланд, дебел човек, и странец кој се прилагодува на животот во Америка.

Нокиа како компанија немала значајна улога во филмот.

- Само ми го пратија телефонот. Од март се немам слушнато со нив. Практично ги снема - вели Калили.

Првите пет минути од филмот можете да ги погледнете на овој линк, а во видеото се сними од позади сцената.

Трошоците за снимање на филмот се под 500 000 долари.

Објавено: 18.12.2011 16:10

supernova:

golem kiss do mojot hubby sto mi go podari nokia N8 , najdobriot telefon na site vreminja. ke probam i jas naskoro da snimam kratko filmce.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>