Последна промена пред 12 минути | Петок 18 Мај 2012 | 97 0
http://v2plusinfo.cfd.mk/commercials/filipVtori2.jpg

Во Скопје одбележан меѓународниот ден на писателите во затвор

  • Објавено: 15.11.2011 14:44
  • Прочитано: 399
  • Печати

Свечен собир на тема „Животот и делото на Јован Котески“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на писателите во затвор се одржа денеска во просториите на Истражувачкиот центар „Рисимкин“ во Скопје.
Настанот го отвори потпретседателката на меѓунадорниот ПЕН центар, Катица Ќулавкова која истакна дека станува збор за поет кој со децении бел следен и затворен.  
- Треба објективно и со чиста свест да се  потсетиме на оваа личност која е исклучително значајна за македонската современа поезија - истакна Ќулавкова додавајќи дека станува збор за човек со отворена и сензибилна свест во која е втисната трагиката на писател во затвор.
Професорот Иван Џепаровски го поздрави овој свечен собир истакнувајќи дека чувствува морална обврска да прогови за писателите во затвор.
- Затворот е гранична состојба каде човекот е оставен самиот на себеси и има потреба од поддршка од надвор. Светскиот ПЕН центар се обидува тој зрак светлина да им го испрати на оние на кои им треба- истакна тој.

Тој додаде дека треба да се бориме против ваквите состојби и да го кренеме својот глас и протест против неправедното сместување на писателите во затвор.
Меѓународниот ден на писателите во затвор е основан во 1981-та година од страна на комитетот на писатели во затвор на Меѓународниот ПЕН. Денес се одбележуваат 30 години од неговото постоење.

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>