04 мај 2016
Вести денес: 0
    Папата Франциско го повика светот повеќе да ги цени жените        Битолчанки им делат вапцани јајца на полицајците         Трудници, намалете ја болката во грбот        Куманово ја комплетира полуфиналната четворка во кошаркарскиот плејоф        МВР ја снима „Шарената револуција“ ВИДЕО        Колку јајца смееме да изедеме неделно?         Белата куќа загрижена поради ескалацијата на насилствата во Алепо        Прилепчани на протест против аболицијата            
Skip Navigation Links
Директорот на „Би-би-си“ добива смртни закани поради отпуштањето на Џереми Кларксон
Објавеново 14:23 29 март 2015| Прочитано891| Печати

Британската полиција ги истражува заканите со смрт упатени кон директорот на „Би-би-си“ Тони Хол поради тоа што неодамна го отпушти  водителот на популарната емисија за автомобилизам „Top gear“, Џереми Кларксон (54) кој неодамна се најде скандал поради тоа што му удрил тупаница во лице на еден од продуцентите на компанијата.

Весникот „Мејл он Сандеј“ објави фотографии од чуварот пред куќата на првиот човек на „Би-би-си“.

Полицијата соопштила дека детективите ги испитуваат наводите за заканите со смрт кои му биле испратени преки имејл на Хол. Според пишувањето на британскиот весник заканите биле испратени истиот ден кога Кларксон бил отпуштен.

 „Би-би-си“ во средата објави деканема да го обнови договорот со Кларксон кој истакнува дека овој месец првин вербално, а потоа и физички го нападнал продуцентот бидејќи по снимањето не му обезбедил топла вечера.

Кларксон поради нападот на 10 март бил суспендиран што предизвикало голкем гнев кај љубителите на неговата емисија, по што на интернет била покрената петиција за да се врати Кларксон во емисијата, во која се собрани над милион потписи.

 

Подготви:Б.В.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА