31 август 2015
Вести денес: 0
    Предизвикот на Русија на меѓународниот поредок        Најбрзите лазањи на светот: Уживајте во омилениот специјалитет за само 6 минути!        Топло време и утре        Тешка сообраќајна несреќа на Плетвар, загинаа две лица        Груевски на прошетка со семејството низ Струмица        Скопјани залутале на Бистра, полицијата се обидува да ги лоцира        ГАЛЕРИЈА Кој е посилен? Путин и Медведев ги покажаа мускулите во теретана        Во Турција уапсени 19 странци, кои сакале да се приклучат кон ИД            
Skip Navigation Links
Четворица на еден - го тепале за да го заплашат
Објавеново 10:28 27 март 2015| Прочитано742| Печати

Кривични пријави за насилство добија двајца млади беровци и двајца млади жители на селото Двориште, кои во неделата рано наутро претепале 17-годишно момче од Берово, кое заедно со еден од тепачите било вклучено во друг случај за нарушен јавен ред и мир.

Како што извести СВР Штип, полициската станица во Берово поднела пријави против браќата Г.В.(20) и Г.В.(20), двајцата од Берово, како и против Д.Т.(20) и М.С.(20), двајцата од беровското село Двориште.

Тие во неделата во 3.50 часот со автомобил „мерцедес“, сопственост на еден од жителите на Двориште, го пресретнале 17-годишникот, со кого еден од браќата имал имал нарушени меѓусебни односи, поради судска постапка што се води против двајцата за нарушен јавен ред и мир. Потоа насилниците почнале да го тепаат тинејџерот, а исто така на главата му нанеле повреда со метален предмет.

Фото: Плусинфо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




Напиши коментар

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.

 

   
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА