05 август 2015
Вести денес: 0
    Њујорк во чудо - во Бруклин дупка насред улица!        Пленумци во центарот на Скопје собираат донации за поплавените подрачја        Ибраимовски: И Ромите ги поплавува - ама нив секогаш ги забораваат!        Град, грмежи и засилен ветер - Невреме го зафати Охрид        Најмалку 14 загинати при судири и напади во Ирак        Разрешен јавниот обвинител на Германија - посегна по власта        ЕВН Македонија ги санира и преостанатите дефекти во кризните места во Тетовско         Министерот за администрација и информатика ја напушта Владата            
Skip Navigation Links
Милчин: Нема правда, нема мир дури не го вратат искраденото, измолзеното!
Објавеново 09:57 09 март 2015| Прочитано3034| Печати

Владимир Милчин, Извршен директор во ФООМ и професор по актерска игра на ФДУ во пензија, коментира за колумната на Никола Димитров, поранешен амбасадор на Македонија во САД и во Холандија и поранешен преговарач за името, со наслов „Ново сонце на слободата“, во која порачува дека ВМРО е преголем симбол за Македонија за да се дозволи да се претвори во срам за државата.

Еве што напиша Милчин на својот Фејсбук-профил:

„Мислам дека во текстот на Никола Димитров недостига став за најголемиот криминал што го направи сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето гласи: Каде се парите што ги искрадоа Груевски и фамилијата? И целата номенклатура на ВМРО-ДПМНЕ. Како ќе се вратат тие пари? И какви и колкави ќе бидат санкциите за лоповлукот на векот кој ќе ја остави Македонија и нејзините граѓани на питачки стап? Значи, не е доволно тие да се симнат од власт во партијата и во државата. Нема правда и нема мир дури не го вратат искраденото, измолзеното! Криминалот мора да се казни, а криминално стекнатиот имот мора да се конфискува. Тоа ќе биде тест за партијата која ја изневери светлата страна на своето име и се сведе на организација која со Македонија владее како што Ванчо Михајлов владеел со Пиринска Македонија, во која со пиштол и кама го вовел својот монопол врз тутунот. Груевски и неговите ја одбраа мрачната страна на ВМРО, страната која пактираше со фашистите, а потоа и со нацистите. Рехабилитацијата на таа мрачна страна, и не само во музеите во Скопје и во Штип, ќе биде камен на сопнување за оние кои (ќе) сакаат да ја вградат ВМРО-ДПМНЕ во обnовената македонска демократија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




mitko
Ke bidam sreten vo kolku koga ke se promeni vlasta ili uste sega, d se prevzemat merki za onie koi zemale ili se uste zaemaat da go vratat, no se mislam deka seto onaa sto se raboti e za toa sto nekoj ne uspevaat da zemat. Za da se promeni vlasta treba na gragjanite da im se dokaze deka vlasta krade, so konkretni primeri so konkretni sudski postapki. Svdoci sme deka samo sto ke se promeni vlasta, nisto ne se prevzema protiv onie koi do promenata vladeele.
09.03.2015 14:53:08
MANDELA
WMRO - DPMNE PARTIJA ke bide vlezena vo svetska istorija vo svet so DIKTATURA 00. 03. 2015 god a gruevski ke bega kako hitler sto begal a vojskata negova sto nema kaj da begat ke go jadat spomeniciti od 2014 skopje
09.03.2015 11:36:55
Nikola, Nikola
Никола, Никола, сега нешто чудно ти се случува, што е тоа знаеме сите. Само не знаеме зошто чекаше толку време кога се ти било јасно. Професоре Милчин, ке мора да вратат се што ни земаа, ке мора барем на некој начин да се искомпензира и она што ни го приредуваа со години како бессони ноќи, неспокој, вознемиреност кои што сигурно ни оставија траги на здравјето, за неколку години ни го скратија животот.
09.03.2015 11:23:54
Напиши коментар

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.

 

   
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА