02 септември 2015
Вести денес: 0
    Лута „запршка“ за договорот од Пржино – што ќе прави сега СДСМ?        Сугаревски: Ова е скандал од невидени размери        Најчевска: Ова покажува дека не е доволен специјален обвинител, потребен е и специјален суд        Основен суд Скопје 1: Доказите за прислушување се незаконски прибавени        Утре сончево и топло со температура до 38 степени         ИД употребува американски пушки М-16        Вучиќ: Од почетокот на годината низ Србија минале 115 илјади мигранти        ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со измислена анкета ја покрива демотивацијата на членството            
Skip Navigation Links
Обележувањето на палецот при гласање е неуставно
Објавеново 13:57 11 февруари 2015| Прочитано1270| Печати

Повеќе нема да им се обележува палецот на гласачите за враме на заокружувањето на гласачко ливче при изборниот процес, затоа што Уставниот суд денеска одлучи да ги отфрли овие одредби од Изборниот законик како противуставни.

За време на последните парламентарни и претседателски избори на гласачите, им беше обележуван палецот од десната рака со цел да не се случи граѓанин да гласа повеќе од еднаш. Уставниот суд денеска едногласно донесе одлука со која се укинуваат одредбите од законот кои го предвидуваат ова, што значи дека маркерот се исфрла од употреба за време на гласањето.

- Се смета дека обележувањето на палецот, како на последните избори, не е во согласност со Уставот и дека е спротивно на член 22 став 2 од Уставот, според кој избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори и со тајно гласање – објаснуваат од службата за односи со јавност на судот.

Со одлуката на судиите се укинуваат одредбите 108 став 2, 108 став 6 и член 108а став 9.

Подготви: М.В.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




Киро
Ако е така, тогаш тоа значи дека на последните избори било повредено начелото на тајност на изборите, со што тие автоматски стануваат нерегуларни. Каде беа уставните судии тоа да го кажат пред изборите, веднаш штом е донесен ваков закон. Дали ова веќе значи дека и тие треба да сносат дел од одговорност за нерегуларни избори?
11.02.2015 18:32:13
Alf
Колкав ли е тој устав штом ви требаше толку време да утврдите дека е неуставно!? Не сум знаел дека нашиот устав има милион членови, па не можевте да ги прочитате,а не пак да ги научите. Ех море уставни судии, станавте најголеми полтрони и муви подгазни.
11.02.2015 15:30:13
Напиши коментар

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.

 

   
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА