Последна промена пред 6 часа | Четврток 28 Август 2014 | 0 0

Мери Јордановска: Кога сакавме да снимаме во Ѓорче полицаец ми свика: „Што к.. бараш ма?“

  • Објавено: 21.05.2014 11:44
  • Прочитано: 12049
  • Печати
Мирослава Бурнс


Новинарките Сашка Цветковска од Нова ТВ и Мери Јордановска од „Фокус“, за „Плусинфо“ раскажуваат што поточно се случило вчера на протестот во Ѓорче Петров, кога полициски службеници им наредиле да ги избришат фотографиите и видео материјалите на кои била евидентирана тензичната атмосфера.

 


- Во раката имав мала камера и фотопарат. Фотоапаратот го префлив преку грб и не ми го забележаа во темнината, бидејќи бевме до ѕид. Така успеав да спасам дел од материјалите. Прво се закануваа да им предадеме сè што имаме од уреди, телефони, камери и апарати, сакаа да ги запленат. Јас одбив и не ја дадов камерата. На полицаецот му реков дека сакам да се изврши записник дека сака да ми ја заплени камерата. Да знам по кој закон и со кое право ме тера да го направам тоа. Потоа се сетија на идејата да ги бришат снимките. Бидејќи не ја давав, полицаецот ја зема камерата сам и сам си ги бришеше видеата. Почнаа со навреди од типот „Глупачи“, вакви такви. Одевме по нив и баравме да се легитимираат. Не се легитимираа - изјави Цветковска за Плусинфо.

 


Мери Јордановска од „Фокус“ вели дека сè почнало кога таа и Цветковска стоеле и гледале како се приведува некое момче.

 


- Ние стоевме и гледавме додека приведуваат еден дечко, ама беше употребена сила, го влечеа за земја, го фатија за раце, а кога падна на земја го удрија со клоци. И ние тоа го снимавме и го фотографиравме. Две минути претходно прашавме полицаец дали може да стоиме тука на едно ѕидче поткачени и да снимаме. Тој ни дозволи, само рече, да се држиме поблиску до полицијата. Веднаш после тоа се случи приведувањето. Тогаш срипа еден од припадниците на полицијата, силно ме повлече за рака и ми рече „Давај го апаратот одма“. Се собра уште пет-шест души околу нас. Јас одбив и го ставив во ташна. Потоа му свика „Што к.. бараш овде ма“ и ми рече „Вадете ги апаратите, мобилните“. Јас кажав дека сум тука службено и побарав да ми се легитимира. Рече „Јас ќе стојам до тебе додека ги бришеш сликите“. „Бриши ова, бриши она“, ми велеше, една по една - вели Јордановска.

 

Запрашан зошто полицијата синоќа побарала новинарките Сашка Цветковска и Мери Јордановска да ги избришат фотографиите и видео материјалите од протестот во Ѓорче Петров портпаролот на МВР за Плусинфо одговори дека воопшто до Министерството не пристигнала пријава за такво нешто. 

 

Тој повика доколку некој бил вербално нападнат од полицаец да го пријави тоа и да понуди доказ. 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо






Објавено: 22.05.2014 15:58

Mary:

A novinarite se nad drzavata, nad mediumi,nad site gragjani, dali tie se nazastiteni pred drzava, pred sudkite organi, da odgovaraat isto kako sekoj gragjanin, a sto navistina barale tolku novinarkava,ako policijata ne dozvoluva ima da se pocituva, toa sekade e taka, za i VAS da ve zastiti, sto znaete vie so kamerite , policijata si ima informacii za sosotojbata, a vie samo najlosite raboti gi kazuvate kako samo ovde da se slucuvaat. zaprete se ednas veke, vie sekade mozete, a koga ste pred nekoi funkcioneri togas nemozete da doprinesete za drzavata i da istaknete nesto za podobro, samo plikanje, nevospitani novinari!!!

Објавено: 22.05.2014 14:41

Петар:

Сега се сетив дека намето да користите SystemRescueCD истото можете да го направите на компјутер на кој има инсталирано Ubuntu оперативен ситем, кој исто така можете бесплатно да го симнете, инсталирате и користите без да плаќате никаква лиценца. Ќе треба да доинсталирате програмски пакет со име "testdisk" со помош на алатката за инсталирање на програмски пакети кој се користи во Ubuntu (ubuntu software center или synaptic или од командна линија со apt-get....). Потоа исто од командна линија треба да ja стартувате алатката за враќање на избришани фајлови photorec, ама со овој случај со командата:

sudo photorec

по што се внесува администраторска лозинка. Во овој случај полесно ќе ви биде да изберете каде ќе се снимаат повратените фајлови - слики, видеа. Бидејќи сега во основните школи се користи Ubuntu, и некое поинтелигентно дете од основно би можело да ви помогне да се снајдете. Инаку универзален читач на мемориски картички (во случај да немате вградео ва вашиот лаптоп) чини ~300денари и може да се набави во скоро секоја продавница за компјутери и компјутерска галантерија.

Објавено: 22.05.2014 11:09

Buntovnik:

Gi citam komentarive i se cudam, tie baraat od novinarite hrabrost, da begaat pa da gi apsat pa da bide skandal. Za site niv, do ova derege ne donese vasata hrabrost i site takvi kako vas. Zasto dozvolivte da dojde ovakva fasistoidna vlast, zasto dozvoluvate da vi gi kradat izborite, zasto dozvoluvate da se ima dokazi za kriminal na toj sto se narekuva premier ili taa ministerka a nisto ne se cini, zasto dozvoluvate da vi gi zatvaraat site mediumi koj se kriticni po vlasta. Zatoa sto site vie ste pod jogan planina i ocekuvate nekoj drug da vi gi resi problemite, i koga toj nekoj drug se trudi nesto da napravi a e onevozmozen od prosti i neuki policajci, vie gi sudite niv za toj neuspeh i trazite hrabrosrt. Sram da vi e.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
За содржини постари од 01.01.2014 погледнете во нашата архива:
arhiva.plusinfo.mk
http://images.plusinfo.mk/commercials/Web-Banner-EVN-Snabduvanje-300x250.gif
/style/images/intervju-title.jpg

Бакрачески: Нема да одам на концертот на Цеца

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/nikolabakraceski.jpg Објавено: пред 30.07.2014 15:15
Прочитано: 3370

Никола Бакрачески