• 25 септември 2016
  • Вести денес: 5
Плусинфо16:02 28 јануари 2015 ● Прочитано 918

Индустриското производство лани се зголемило за 4,8 отсто во однос на 2103-та, соопшти Државниот завод за статистика.

 
Индустриското производство во декември 2014 година било поголемо за 0,7 отсто во однос на декември 2013-та. 
 
Во секторот „рдарство и вадење камен“ бележи опаѓање од 6,6 отсто, во „преработувачка индустрија“ пораст од 2, отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ има опаѓање за 5 отсто.
 
Во однос на главните индустриски групи, пораст е евидентиран кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за осум отсто, „капитални производи“ за 47,1 и кај „трајни производи за широка потрошувачка“ за 16,9 проценти.
 
Опаѓање има кај групите „енергија“ за 12,2 отсто и кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 10,2 отсто.
 
Подготви: Р.И.М.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Јапонски туристи ќе ја откриваат Македонија

Една од најпознатите медиумски групации FOX Networks Group пројавила интерес за снимање и документирање на убавините на Македонија.

Започна Преспанскиот јаболкобер 2016

На главниот саемски ден повеќе од 40 компании ќе промовираат сопствени производи и земјоделска механизација.

Николовски: Цветков го загрозува здравјето на граѓаните

Намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 % за ветеринарните лекови, предлага СДСМ.

Бесплатно известување за корисниците на мобилната апликација на Комерцијална банка

На овој начин корисниците на мБанка ќе имаат поголема контрола врз сопствените трошоци, а наедно ќе заштедат и време.

Туризмот ќе испорача исти резултати како и лани

Хотелските капацитети нема да го надминат ланското ниво на ноќевања, а и приходот ќе биде ист како и лани.

НАЈЧИТАНИ