Последна промена пред 2 минути | Четврток 24 Април 2014 | 84 2

Мрежа за заштита од дискриминација: Ќе се скрати правото на породилно за татковците

  • Објавено: 16.12.2013 16:21
  • Прочитано: 1073
  • Печати

Само жените да може да земат неплатено родителско отсуство, но не и мажите предвидува новиот предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за работни односи предложен од Владата на Република Македонија во ноември 2013, реагираат од Мрежата за заштита од дискриминација.

 


„Ваквата нерамноправна поставеност на жената - мајка и мажот – татко само ја потенцира и поттикнува традиционалната улога на жената како мајки и негувателки. Во Република Македонија жените работнички се соочуваат со прекршувања на нивните права како при вработување, така и на работното место, а пак женскиот труд е помалку платен и незаштитен“, реагираат оттаму и додаваат дека при непостоење на ефективни механизми за заштита, правото на неплатено родителско отсуство уште повеќе ќе ги зголеми можностите за злоупотреби и прекршувања на правата на работниците од страна на работодавците.

 

Нивниот став е дека Владата и Министерството за труд и социјална политика треба да изнајдат соодветни законски решенија кои ќе помогнат во решавање на ваквите проблеми и истите треба да покажат силна политичка волја за имплементација на постоечкото законодавство кое ги штити жените од дискриминација по основ на род во работните односи.

 

Оттаму посочуваат дека за правилниот раст и развој на детето, улога, како мајката, има и таткото.

 

„Предложеното законско решение ги дискриминира мажите ускратувајќи им го правото на неплатено родителско отсуство, а пак од друга страна единствено ја потенцира улогата на жената во домот околу грижата за раст и развој на децата. Родовата рамноправност и забраната за дискриминација по основ на род е дел од позитивните прописи на Република Македонија и е основно начело на бројни меѓународни конвенции чиј потписник е Република Македонија“, велат од Мрежата за заштита од дискриминација.

 

Тие ја потсетуваат Владата дека минимум стандардите за породилно и родителско отсуство што ги воспоставуваат директивите на Европската Унија подразбираат истото да се гарантира подеднакво на двајцата родители со што ќе се овозможи усогласување на нивните професионални и семејни обврски.

 

„Гo повикуваме предлагачот на Законот – Владата на РМ преку Министерството за труд и социјална политика - да го повлече предлогот заради негово доуредување, односно овозможување двајцата родители подеднакво да го уживаат родителското право“ - велат од Мрежата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо.


 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
/style/images/intervju-title.jpg

Гласајте без страв за да ја прекинеме оваа агонија

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Stevo Pendarovski.jpg Објавено: пред пред 51 минути
Прочитано: 311

Стево Пендаровски