Последна промена пред 5 минути | Среда 23 Април 2014 | 133 3

Ковачевски: Непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола нема крај!

  • Објавено: 14.10.2013 13:56
  • Прочитано: 1205
  • Печати

 

 

Лото шоуто со најавените социјални вработувања во „Македонски шуми“, само го потврди непотизмот што во државава, а и овде во Битола го практицира владејачката ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ - Битола.

- Една од избраните, што случајно ја извлече компјутерот е извесна В.Ш., која „случајно“ е сопруга на актуелниот советник и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Благој Шаклевски. Уште една, што „случајно“ ја извлече компјутерот е извесната Б.М.К., која исто така „случајно“ е родена сестра на бизнисменот, вечниот советник, ек-градоначалник и поранешен координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Златко Милошевски. Многу случајности на едно место – рече Ковачевски.

Тој прашува дали во сите 23.000 апликации за социјални вработувања, немало позагрозени од роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.

- Сигурно дека имаше. Ама власта по којзнае кој пат сурово, дрско и безобразно си поигра со најранливите категории – социјалните случаи и самохраните родители. Истовремено навредувајки го интелектот на граѓаните. Затоа го прашуваме министерот Иво Ивановски, битолчанецот, пред чии очи се одвиваше поигрувањето со социјалците – дали ќе ги потпише решенијата за вработување на блиски роднини на функционерите од Битола – рече Ковачевски.

Тој додава дека се потврдило оти лотаријата за социјални вработувања била една од многуте замајувања на јавноста со цел задоволување на личните потреби на партиските функционери и прибежиште на партиските активисти.

Ковачевски најави дека наскоро ќе открие и други случаи на злоупотреба на овој конкурс за вработување.

 

 

Подготви: Б.И.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

 

 

 

 

Објавено: 14.10.2013 19:14

555:

..makedonija e mala ne znaat oti site se poznavame posebno vo pomalite gradovi

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

http://images.plusinfo.mk/izvori/plusinfo.jpg
info,donka.jpg
Чија е оваа програма?
Донка Барџиева Трајковска
23.04.2014
Gero profil picture.jpg
Заев, само храбро!
Бранко Героски
23.04.2014
bacev.jpg
Патриотска партија
Јанко Бачев
23.04.2014
повеќе колумни>>