Пред основното училиште „Димитар Миладинов“, се предвидува да се гради кружен тек, кој ќе добие и споменик во средишниот дел. Овие нови содржини се проекции од последните измени во Деталниот урбанистички план „Јужен дел на централно градско подрачје“, кој е на јавна анкета до 20 овој месец.
Во план е и проширување на улицата 11 Октомври, изградба на деловни, комерцијални, станбени објекти, но и катна гаража. Планот дават можност за еден кат надградба на куќите опфатени со ДУП-от.
Деталниот урбанистички план до 20 овој месец ќе биде на јавна анкета во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“, каде што засегнатите жители ќе можат да ги остават своите забелешки за новите измени.