По породувањето на вашето тело му се потребни најмалку три месеци да закрепне. Голема е веројатноста дека тоа повеќе никогаш нема да се врати во онаа состојба во која било пред бременоста, но можете да направите да се врати во форма.
Неколку фактори влијаат на тоа колку време на вашето тело ќе му биде потребно да излезе од периодот на прилагодување и закрепнување: вашите години, дали тоа ви е прво породување, колку сте биле во форма пред бременоста, режимот на исхрана, како и гените. Многу е тешко да се утврди колку долго ќе трае вашето закрепнување, и кај секоја жена тоа е поинакво.
Првите неколку недели по породувањето ќе ви биде најтешко, бидејќи телото ќе ви биде отечено и болно, додека не го изгубите вишокот течност од организмот.
Тоа што вие можете да го направите за себе е после првите неколку недели да спиете колку што е можно повеќе, за да му овозможите на телото побрзо да се регенерира, и да пиете многу течности за да опаднат отоците по бременоста.
Потоа, полека враќајте се на своите секојдневни ативности, како готвење средување на домот, благодарение на што ќе се чувствувате понормално и покорисно, но и постабилно во физичка смисла.
Лесните прошетки и вежби, исто така, добро ќе ви дојдат, но пред какви било сериозни активности консултирајте се со својот лекар.