Новото раководство на Северна Кореја треба да ја преразгледа политиката и да работи за прехранување и образование на севернокорејскиот народ, пред да се обиде да се претвори во нуклеарна сила, изјави американската државна секретарка Хилари Клинтон.
Клинтон тоа го изјави само неколку часа откако Советот за безбедност на ОН го критикуваше Пјонгјанг за истрелување ракета и повика да бидат засилени постоечките санкции.
- Новото раководство на Северна Кореја треба да направи решителен избор, треба сериозно да ја преразгледа политиката и да ги запре провокативните дејствија - изјави Клинтон на прес-конференција во бразилската престолнина.
Според неа, истрелувањето на ракетата ставило крај на потенцијалниот договор за обезбедување храна за земјата и предупреди на последици, ако Северна Кореја продолжи со провокативните дејствија.