• 28 септември 2016
  • Вести денес: 127

Ако добро го разбирам договорот од Пржино, неговата смисла е да се имплементираат препораките од извештајот на Прибе, во кој се посочени сите слабости со кои се соочува Македонија и прецизно се скицираат сите неопходни реформи за да се надмине политичката криза. Една од главните задачи за овој транзициски период до новите избори е конечно да престане злоупотребата на народните пари за партиски кампањи. Ако тоа не се случи веднаш, однапред се знае дека новите избори нема да бидат фер и демократски.

Премиерот во заминување, Никола Груевски, деновиве го прави токму спротивното и со договорот од Пржино веќе си го брише својот валкан задник. Панично растрчан по селата и градовите, тој наголемо води предизборна кампања и се обидува да ја поврати изгубената доверба на избирачите. Притоа, редовните активности на својата влада, кои се спроведуваат со пари на даночните обврзници (исплати на субвенции, реконструкции на училишта и патишта и слично), тој ги прикажува како подароци од својата партија за народот и како свои лични остварувања на предизборните ветувања.

И не само тоа. Со новото линеарно зголемување на пензиите, во обид уште еднаш, веројатно за последен пат пред изборите, да ги поткупи и пензионерите, Груевски ја урива основата на пензискиот систем, воведува комунистичка уравниловка и што е најстрашно, го води пензискиот фонд кон банкрот. Се разбира, цената на оваа безобразна корупција ќе се плати подоцна, после изборите, но нејзините ефекти ќе се почувствуваат на избирачките места.

Ваквото однесување на Груевски е директно и грубо кршење на реформскиот дух на договорот за надминување на политичката криза. Гледам јас дека сите карти на опозицијата се фрлени на прашањето на специјалниот јавен обвинител и тврдам дека тоа е грешка. Но, дури и да не сум во право, тоа не ги ослободува од одговорноста опозициските асови остро да го предупредат меѓународниот фактор дека Груевски секој ден го компромитира договорот од Пржино. Буквално секој ден.

Им го кажува ли некој ова на странциве, или само мене ми базди на употребена тоалетна хартија? 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Уште две карикатури

Чакаларов, додуша, има пиштоли, му фали каубојска шапка, а на Александар му требаат комплет реквизити.

Наслови за идиоти

Којзнае за какви успеси известуваат куририте во другите рубрики. Да не може човек да се изначита и да се изнаужива.

ВМОРО-Клиентелизмот (2)

Како Македонците да дојдат до слобода и независност?

Триумф или карикатура

Коњанички споменици биле актуелни и допадливи во светот некаде помеѓу седумнаесеттиот и првата третина на дваесеттиот век.

Што вас не уби Тута Бугарин!

Најавен судир на колосите на балканското лудило – Динко од Софија и Миленко од Скопје.

Македонската Бети Буп, наспрам совршениот тим на Катица Јанева...

Јавната слика која ја самоисцртува со беспрекорни потези на „фрескоцртачка“, Билјана Ванковска, читајќи ги нејзините колумни, ме потсетува дека е во прашање промашена проекција на легендарниот провокативен сексуален лик од цртаните филмови.

Пукнатина во браната!

Во животов имам едно скромно богатство, кое се состои од средби со луѓе од мојот човечки род, со коишто можам да глаголам дури и кога завземаме целосно спротивставени бусии.

ВМОРО-КЛИЕНТЕЛИЗМОТ (1)

Почнувам со солидно распространета, блиска до нашите патриотски срца, формула на нашата лирско-историска митографија – „наратив“.

Басна за лајнарите

Што ќе правам ако ме збрка ловџијкава Катица во шумава, онака, предизборно?

Десет факти што мора да ги знае секој што сака да зборува за односите меѓу Македонците и Албанците

„Честа“ да воведе двојазичност и елементи на консензуална демократија карактеристични за федерациите, со „гласање-масање“, му припадна на лажниот патриот Никола Груевски.

НАЈЧИТАНИ