Последна промена пред 1 час | Недела 26 Мај 2013 | 1 0
http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Grcev mala (3).jpg

Една убиена телевизија и девет гулаби на гранка

  • Мирослав Грчев

  • Прочитано: 4626
  • 10.05.2012
Сподели со твоите пријатели!

Многу често, деновиве, од претставниците на меѓународната заедница слушаме дека Македонија имала „проблем со слободата на медиумите“, и не можеме да им се изначудиме. Каков проблем? Македонската влада и гласноговорниците на нејзината пропаганда веќе безброј пати убаво ни соопштија - и нам и на светот, дека во нашата земја немаме проблем со слободата на информирањето. И, така е. Можеби за првпат, но сосем се сложувам со власта по ова прашање. Проблем со слободата на медиумите во земјава навистина нема, затоа што веќе нема ни слободни медиуми. Проблемот го снема заедно со укинувањето на слободата на информирањето и политичкото изјаснување, а денот на нивното исчезнување од македонскиот етер се совпаѓа со уништувањето на А1 телевизијата и печатените медиуми од улицата Перо Наков. Од минатото лето, кога здружените банди на македонската државна мафија ги уништија медиумите и семејството на Велија Рамковски, во земјава завладеа контролирана медиумска хармонија, многу, многу поконтролирана отколку што постарите паметат дека била и во времето на „пустото комунистичко“.
По убивањето на А1, националните телевизии продолжија несметано да работат и „објективно и професионално“ да го забавуваат народот, да ја затапуваат јавноста со лажна слика на стабилен социјален мир и насмеана демократија, во која не постојат никакви проблеми со слободата на информирањето.  И додека неколкуте преостанати „независни“ телевизии се мачат да информираат нападно внимателно, со нагласена и тегобна автоцензура, симетрично и уплашено, телевизиите на власта, на чело со јавниот сервис, го полнат медиумскиот простор со пропагандна порнографија од најдолен вид, рекламирајќи ја и величајќи ја власта и озлогласувајќи ги неистомислениците и опозицијата.

Пропагандното загадување на медиумскиот простор во Македонија доби размери кои се забележани само во еднопартиските тоталитарни општества, а најзагрижувачки аспект од оваа општествена несреќа е изопачувањето на етичките норми за кои мислевме дека се општочовечки константи. До скоро беше срамно и да се помисли дека слободата на медиумите ќе се толкува како нивна слобода да ја критикуваат опозицијата и да го фалат режимот. А, тоа дека како нормално може да проаѓа секојдневното озлогласување на неистомислениците на власта, на афирмирани личности кои се изјасниле против режимот и на опозиционери – тоа не можеше да се сонува ниту во кошмарни ноќи.  Дека медиумите ќе станат преполни со црни страници со фотографии и листи за прогон, отстрел или „легална“ омраза, полни и црни како старите скопски катраносани бандери на кои во слоеви висеа смртовници и некролози, е, тоа мислевме дека е потполно невозможно. Лепливиот примитивизам на режимската пропаганда и одвратните дневни соопштенија на ДПМНЕ, ги испоганија домовите на граѓаните со најдолни мотиви, неетичност и омраза, како со мачји измет на чевлите. Луѓето цел живот се трудат да не стапнат на таква смрдејца и невнимателно да не ја внесат дома, а македонскиот режим преку своите медиуми денес им ја фрла в лице на граѓаните и со неа им ги полни душите!

Но, да се вратиме на слободата на медиумите: интересно е што се уште има многу луѓе на кои не им е очигледно дека со убивањето на А1 во потполност е укината слободата на телевизиските медиуми во Македонија. Им делува нелогично со укинувањето на само една телевизија, да им се укине слободата на сите. За нив, губитокот на една национална телевизија од десет, е губиток од 10 проценти или - со оглед на турските серии кои братските телевизии ги преземаа од А1, длабоко нурнувајки ги повиените клунови во нејзиниот крвав и уште топол леш - уште помалку.

За да го објаснам нумеричкиот парадокс на македонските контролирани телевизиски медиуми, каде 10 – 1 = 0, се присеќавам на математичката задача од првите класови осмолетка... Всушност, задачата е трик прашање со измама во која идеалниот свет на математичката апстракција се меша со законитостите од реалниот свет. Елем, прашањето гласи: ако на гранките од едно дрво седат десет гулаби, а ловџијата отстрели еден, колку гулаби останале на дрвото? Сите деца, концентрирани на математичкиот резултат, брзаат да ги кренат рацете со два прста и го викаат нестрпливо одговорот: останале девет гулаби, учителке! А, учителката, со широка насмевка и супериорност на благороден итрец, одговара дека на дрвото, деца, не останал ниту еден гулаб, затоа што сите летнале уплашени од истрелот и смртта на нивниот другар. Забележувате ли длабоки сличности на трик задачата и состојбата со медиумите во нашата земја? За нас прашањето треба да се постави инверзно, и да гласи: колку телевизии треба да уништи власта, за да ги замолчи и контролира сите останати? Без оглед на вкупниот број на телевизии, одговорот е секогаш ист: доволно е да се убие само една.

Особено интересно, од етички и психосоцијален аспект, е начинот на кој власта избра да го накаже гулабот што се осмели да и серка в лице. За да го застраши целото општество, а не само останатите независни телевизии, партиската власт и судство на ДПМНЕ спроведоа криминална, драконска и непропорционална, дури старозаветна освета над Велија Рамковски, неговото семејство, А1 телевизијата и сите фирми од Перо Наков. Еве ви го рецептот за „праведна казна“ од Стариот завет: „Затоа иди и уби го (....), и сотри го како проколнато сето што го има; не жали го, туку убиј ги и луѓето и жените и децата и се што е на женски гради и воловите и овците и камилите и магарињата.“ Со ваква пустинска патријархална „правда“ од пред 2.500 години, газејќи по правото и Уставот во Македонија, режимот на ДПМНЕ го казни Велија за слободно политичко изјаснување и противвладино информирање, ја затвори А1 телевизијата за вечност, ги осуди како заложници и ќерка му и синот му и брат му и другите, и му  „сотре, како проколнато, се што има...“. Со овој злостор на власта беше убиен симболичкиот гулаб на слободните медиуми, и беа избркани деветте гулаби на слободната мисла и информирањето.  И, затоа, од пред година дена во нашата земја не постои „проблемот со слободата на медиумите“, а на медиумското дрво царуваат головрати мршојадци со крвави клунови и жално купче усрани гулаби.

Мирослав Грчев

 

 

 

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:
/style/images/intervju-title.jpg

Биолошките лекови се иднината за пациентите со најтешки заболувања

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Tanja slika.JPG Објавено: пред 22.05.2013 14:45
Прочитано: 1094

Татјана Чекаров, в.д. директор на претставништвото на „Хофман Ла Рош“