Последна промена пред 2 минути | Четврток 20 Јуни 2013 | 97 3
http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/dame ckatroski.jpg

Еден лош ден

  • Даме Чкатроски

  • Прочитано: 5332
  • 20.04.2012
Сподели со твоите пријатели!

Искрено, почнав да ја жалам министерката за внатрешни работи. МВР е едно чудно министерство, во кое се добиваат многу професионални деформитети и болести.

Во овие две децении независност, тоа министерство е една голема компанија, партиски огранок, министерство за присила и чувар на народното здравје. Многу работи во едно, губејќи ја притоа основната функција.

 

Гордана Јанкулоска е на добар пат да си го уништи сопственото здравје. А не сум сигурен оти знае дека ако Македонија еден ден стане нормална земја со сите нишани, таа долго, долго ќе биде прозивана. Но не, таа во ниту еден сегмент, воопшто не е вниновна - проблем е само што даде повеќе жртви за партијата отколку кој било министер до сега. Реално и рационално, подобра е од многу досегашни министри, само што функцијата премногу си ја сфати партиски - или пак е заложник на партијата. Неверојатно измачување, аскетизам, партиска непоколеблива определба до степен на тоталитаризам... Самата себеси целосно се вложи.

 

Искрено, не е фер што нејзе ѝ се случија толку бродоломи. Гордана тоа со ништо не го заслужи. Премногу партиски удари од производната програма на  партијата се урнаа врз неа. МВР не е ПР организација. Во јамб со најава дека ќе ги испофати сите атентатори и ќе ги открие сите атентати, се очекува да стана колатерала на најгрозоморниот чин во историјата на модерна Македонија. Не е инцидент, ами е  убиство, многукратно.

 

Пред неа се две можности - да ги открие извршителите, и, со тоа, да трае до следните избори. Ако пак не ги открие, во нормални земји најмногу за 6 месеци би требало да си поднесе оставка од здравствени причини, со помислата дека сепак МВР и Партијата се нездрави средини. Сосема сум сигурен дека за Гордана повеќе со години ништо нема да слушнете. 

 

Сега, како и обично, во вториот дел - СДСМ! 

 

Како само се уплашија да не ги обвинат дека долеваат, односно ПР-от на ВМРО-ДПМНЕ  да не ги избербати кретенски, дека тие се позадина на овој грозоморен чин па молчеа и кога не треба. А СДСМ како пратеничка група во саботата во попладневните часови едноставно требаше да појдат во МВР и да ги искристализираат поимите со заедно со министерката и да бараат одговори - заради исплашениот народ.

СДСМ има проблеми и одвнатре. Некако брзо, под маса, информираа дека ова  убиство е некаква вратка за Радуша. Колку побрзо ваквите аналитичари или  професионалци СДСМ ги отстрани, толку полесно ќе дише. А сега не дише.Гарантирам дека тие кои така констатирале се стари полициско/криминално  албанофобски структури. Ништо повеќе. Најдобро ќе биде да си одат в пензија. 

 

И сега за ДУИ. Македонија, ако се сеќавате на Рамковниот, е унитарна земја. Пратеник на ДУИ е пратеник на сите граѓани од Гостивар па до Струмица, ако се  сеќавате... Без разлика на спиновите дека убијците имаат нација или верба во  Бога, ДУИ требаше да излезе со едно од тие убави коминикеа  и да каже два збора.Нема Македонец кој мисли дека ДУИ е замешана во овој случај. Знаете ли зошто? Едноставно,  ДУИ е влада, ДУИ е за Македонците сериозна партија. Во овој момент  ДУИ извади сипаници, ја покажа адолесцентоста... или пак има други причини - можеби нешто ги замолил коалициониот партнер?

 

ДУИ тука потфрли, се надевам за последен пат, во ваква рашомонијада. Исто како и СДСМ се уплашија од лепенки. Ама тие што лепат се финансирани од ДУИ, која седи во иста влада и од исто ќесе плаќа по разно-разни мајстори на големата кујна.

 

Во интерес на истрагата, како аналитичар на кого му се познати темите од  безбедноста, се обидов да избегнам теми од и после грозоморното убиство. Македонија и регионалната стабилност не се грижа само на МВР и на Јанкулоска.

 

Транспарентната соработка со нашите сојузници носи до стабилност, макар истрагата да трае долго.

Би ги замолил тие што цело време дозираа набој за етнички судари - колку Груевски да бара странски инвеститори, првиот услов за странскиот инвеститор се стабилноста и  меѓуетничките односи. Некој некому во ВМРО ДПМНЕ  овојпат и тоа како му подметна!

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:
/style/images/intervju-title.jpg

Го избркаа Христа со вулгарностите и вандализмот

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Pimen.jpg Објавено: пред 13.06.2013 11:45
Прочитано: 5981

Пимен, Митрополит Европски