Последна промена пред 1 час | Среда 19 Јуни 2013 | 0 0
http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/ea.jpg

ПИСМОТО

  • Едмонд Адеми

  • Прочитано: 5051
  • 19.04.2012
Сподели со твоите пријатели!

Долго најавуваното писмо од група интелектуаци - Албанци, до Државната секретарка на САД, Хилари Клинтон, Генералниот секретар на НАТО, Расмунсен и Комесарот Штефан Фуле, што некои медиуми пред некое време го најавуваа, најпосле го виде светлото на денот. Пред неколку дена, неколку медиуми објавија и прилог за содржината, но никаде не го видов целиот интегрален текст на писмото, барем јас. Како и да е, успеав  да го најдам писмото како целина, како интегрален текст, со цел да го прочитам изворно.   

Тогаш кога решив да го анализирам писмото, се случи ѕверското убиство на петмината наши сограѓани, со што целосно ме помести и оневозможи да се бавам со некое си писмо.  Многу е тешко човек да каже или напише било што, кога е под силно влијание на емоциите, после еден таков чин.  Беа празници, а празниците се за да се празнува, а не да се тагуваа. Бабите и дедовците не учеле дека празниците како Велигден, Бајрам, Божиќ се денови кога се прославува и му се радуваш на животот. Се надевам, не од Бога, како што вели премиерот, туку од институциите на системот, дека извршителите ќе се најдат, кои и да се, и ќе бидат казнети така што има да го памтат за целиот нивен бесмислен живот.

Но, дозволете, да се вратам на писмово, за да не остане недоречено.

На самиот почеток веднаш да кажам дека не можам да го сокријам своето големо разочарување, од едно вакво, просто, и соддржински празно писмо.  Одамна не сум прочитал нешто слично. Читајќи ги имињата на потписниците, со сите тие титули, и функции, поранешни, актуелни, идни и што уште не, во најмала рака очекував нешто посериозно од тоа толку помпезно писмо највувано со недели. Вака какво што е, тоа е едно обично писмо на хартија со прости реченици, без силен интелектуален вокабулар и содржина, без јасни и конкретни пораки. Побогу луѓе, па не му пишувате писмо на некој градоначалник, или член на градски совет на некоја „Богу иза леџа држава“! Вакво писмо, простете, ама подобро би напишал и студент на прва или втора година на политички или економски науки, кој малку ги разбира политичките односи и економските параметри во државава. Или можеби стварно го напишал некој студент, не знам!

И која е пораката што сакаат да ја пратат почитуваните интелектуалци?  Единствена порака, ако може да се квалификува како таква е: Аман помагајте, примете не во НАТО бидејќи ќе се испоубиеме меѓу себе? Да, ситуацијата е сериозна, меѓуетничките односи се нарушени, но не очекувате ваљда тие работи да ни ги средат САД, НАТО и ЕУ.  Премногу клишеа за овие 20 години.  За секоја наша усрана ситуација, од нас самите,  бараме друг да ни ги средува работите! Не, сами треба да си ги решаваме, затоа што самите сме си криви, што би рекол познатиот Балашевиќ „Криви смо ми јер смо их пустили...“ сите оние инфантилни, депресивци и примитици, да ја водат државава.

Но, да одиме по ред. Прво, целото писмо посветено на злото на политиките на Груевски и неговата Влада што сите ги знаме и живееме со нив секојдневно, самите потписници, свесно или несвесно влетаа во играата на Груевски, а тоа е дека долку Чикаго не биде позитивен за Македонија, таа ќе биде дестабилизирана, ќе има нов конфликт, ќе се испоубиме, и што уште не. Наивно или не, разочарувачки е таквото лизгање. Толку од нивната силна аналитика. Се надевам госоподата и госпоѓите знаат дека НАТО во свои редови не прима нестаблини држави. Дека вакави финти не палат кај нив. Пораките, околу членството во НАТО се јасни. Можеби не ни се допаѓаат, можеби не се фер, или не знам што, но тоа е тоа.

Второ, поврзано со членството во НАТО, во писмото велите: Ве молиме да преземете се што е во Ваша можност за дефинитивно да се понуди какво и да е прифатливо решение меѓу Грција и Македонија, за конечно во наредниот самит државата да стане полноправна членка на НАТО.

Добро. Едно јавно прашање до вас: Дали ќе поддржите предлог „Република Славо – Македонија“ како евентуално решение на евентуален референдум?

Трето, од каде сега, пак, проектот Скопје 2014 било импровизација? Скопје 2014 е реалност, и го гледаме секој ден како станува се по гломазен и гломазен.

Четврто, што паѓа во очи во оваа писмо е отсуството на спомнувањето на ДУИ како дел од Владата, и партнер на Груевски. Едноставно како да нема политичка партија на Албаниците во таа Влада. Дали е виновен само Груевски? Не е. Се поставува прашањето дали тоа вие го аменистирате ДУИ од целава ситуација, или пак им се додворувате? Не можете да зборувате и пишувате за се она лошо што ни го прави Владата, а да го амнестирате партнерот, кој за стотина споменици на ВМРО - ДПМНЕ изпазарува еден споменик за албанските дејци. На 300 милиони евра потрошени на Скопје 2014, ДУИ испазарува 300.000 за плоштадот Скедербег. На пет музеи за ВМРО - ДПМНЕ, еден музеј за ДУИ. Ако вие ја криткувате едната политика, а ја премолчувате другата, тогаш чуму тоа писмо?  Едниот си го тера својот филм, и ќарува на грбот на Македонците, а овие другиве со споредни улоги во тој филм, ќаруваат на грбот на Албанците. 

И последно, петто.  Да, Македонија е сиромашна земја. Сиромашни се и Македонците, и Албанците, и Турците..., а тоа е заради тоа што и едните и другите, и ДПМНЕ и ДУИ нашите пари ги трошат на непродуктивни работи - споменици, музеи, фонтани, бродови, и што уште не! Тоне здравството, тоне образованието, инфрастрктурата за никаде. Во 21 век имате градови и села кои немаат вода и патишта. Голем број деца учат во училишта во мизерни услови. Се заради музејско - споменичкиот дил меѓу ДПМНЕ и ДУИ. Онака пропорционално. Затоа одговорноста за ваквата состојба е на цела Влада, без исклучок.  

За крај. Можам уште недостаци и слабости на писмово да набројам, но ете ќе застанам тука, да не испадне мојава колумна подолга од самото писмо, која е наменета за така високи личности од  европската и светската политичка сцена.

На почетокот реков дека писмото конечно го виде светлото на денот, а дали ќе стигне да биде прочитано од Клинтон, Расмунсен и Фуле, не знам. Искрено, посакувам да не биде, ако не го прочитале до сега, не заради некој личен каприц, туку заради доброто на потписниците,  па и за наше добро. Ќе ни се смееат, тие што ќе го читаат! Писмото е празно, а на празно не се оди никаде, а најмалку во Стејт Департментот, НАТО и Европската Унија.

Едмонд Адеми

 

 

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:
/style/images/intervju-title.jpg

Го избркаа Христа со вулгарностите и вандализмот

http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Pimen.jpg Објавено: пред 13.06.2013 11:45
Прочитано: 5552

Пимен, Митрополит Европски