- пред 3 минути Малолетник нападнал постар познаник
- пред 8 минути Со нож ранил познаник
- пред 9 минути Грчките хотели сами ќе си произведуваат...
- пред 9 минути Есма: Евровизија е за хомосексуалци, а...
- пред 12 минути Арамија украл 70.000 евра
- пред 12 минути Полицијата гони селанец кој тумбал...
- пред 17 минути Проблем кој мора да го решите: Знаци дека...
- пред 28 минути Рицоли ќе го суди финалето во ЛШ
- пред 28 минути Мушараф ослободен за убиството на Беназир...
- пред 28 минути Свештеник обвинет за злоставување деца
На Македонија и се потребни уште чуда...
Јани Макрадули
- Прочитано: 4673
- 18.04.2012
Останатo од Јани Макрадули |
„На Македонија и се потребни уште чуда”. Вака угледниот Економист ја оценува состојбата во нашата држава. Без разлика што груевата дружина вложи многу народни пари за саморекламирање во овој лондонски неделник, истиот следејќи ги професионалните стандарди, претставува еден од најобјективните аналитичари на забеганиот пат на Македонија. Текстот наместо за чуда не потсетува сите за реалните проблеми во Македонија.
За жал чудата се последната шанса за опстојување на груевата дружина, затоа премиерот истрча и после 20 минути се појави пред чудото. Го анализираше, меркаше стручно санким Паско е. Чудно, но за чудото нашиот премиер беше разбуден и на работа пристигнат пред 13 часот и случајно, баш во тој период без ниту еден состанок. За чудото стигна веднаш, но за најтрагичниот настан во плурална Македонија 2 дена се криеше од јавноста. По кој знае кој пат покажа дека него реалноста не го интересира, дека тој си живее во земјата на чудата. И кога конечно се појави, наместо да гарантира со функционалноста на институциите за кои е одговорен лично, се повика на Господ. А, како ќе се оправда за својот молк пред Бога и особено пред семејствата на трагично загинатите млади животи? Како ќе се оправда пред граѓаните дека не прогласи ден на жалост во цела држава? Чудата нема да помогнат да се вратат овие млади животи, туку само брза и ефикасна акција ќе ја врати довербата во државата и нејзините институции. Зарем ќе се дозволи спиновите на провладините медиуми, ако се тоа медиуми, да ја диктираат атмосферата? Пак опозицијата ќе биде виновна? Пак „спонтани“ протести? Зарем повторно тргнаа во лов на поени? До кога деструктивноста и национализмот ќе ја гази вистината, мирот и иднината во Македонија? Демохристијански е тоа премиере? Тоа што глумата Ви е неостварен сон, не значи дека треба да глумите држава. Брзата реакција и откривањето на овие убијци во голема мера ќе ги смират тензиите, отстранат се почестите небулозни шпекулации и барем за малку ќе ги окуражат сите оние кои деновиве викаат: „Не сум толку храбар да живеам во Македонија“.
Ова е и шанса институциите во безбедносниот систем барем за малку да ја поправат сликата што е создадена за нив. Иако тоа би било навистина чудо. Шест години со парите од граѓаните на Македонија, секојдневно ја насочуваа енергијата на тоа што прави опозицијата, што шепотат незадоволните дпмнеовци. Денес, нема скопска кафеана каде пола маси не се полни со луѓе кои 3 часа седат со едно кафе и 7 чаши вода, луѓе со развиени стила за слух и вид. Денот го завршуваат во една зграда во долниот појас на Водно со куп трачеви кој со кого пие кафе, но затоа немаат минимум инфо што се подготвува за нарушување на мирот во Македонија. Каде е превентивното делување? Додека директорот на УБК ја лекува својата душевна болка од мојата маленкост по скопските кафеани и дискотеки, а директорот на ЈБ донира мечиња во зоолошката градина и се обидува да го достигне Санадер по бројот на луксузни часовници, Македонија стана држава во која секојдневно се рекетира, пука, гине. Криминалот, за жал, е нашето секојдневие. Денес, за жал, клучно безбедносно прашање стана: „Кој ќе ја чува фонтаната на воинот и триумфалната порта?" Денес безбедносниот систем е сведен на трка во лепење налепници по дуќаните, чија агенција ќе ги обезбедува. А за тоа време прелесното пукање зави во црно и македонски и албански мајки. Куршумот многу пати во историјата не бира етничка припадност.
Затоа државен врву, аман. Баталете ги чудата, тие не постојат. Зарем не ја научивте лекцијата од 2001? Не ја потценувајте реалноста, не само заради платата што ја добивате, туку затоа што носите и одговорност за своите постапки. Претседателе Иванов, баталете ги бајките, има кој во Македонија да биде Ханс Кристијан Андересен. Не чувствувајте со сетилата на премиерот и свикајте седница на советот за безбедност, па 5 граѓани на Вашата држава се свирепо убиени. И бидете уверени, ниту едно чудо нема да Ве спаси за сите погрешни, забегани и корумпирани потези.
Да бидам искрен, партискиот дел во МВР не ја троши енергијата само на опозицијата. Цела Македонија разбра дека врвот на полицијата е дел од една голема бизнис заедница, љубители на покер автомати како во Лас Вегас да се родени. Како печурки после дожд во секој град се открива како полицијата давала заштита на организаторите и секако гордите послушници на нелегалните игри на среќа. Од Кочани до Тетово, од Струга до Куманово, илјадници покер автомати, ама замислете чудо, не само што автоматите сами во колона (некаде 1.000 на број засега) поминале граница, туку имале и натприродна моќ пред инспекторите на УЈП да стануваат невидливи. Чудо до чудо.
Никогаш не сум верувал во чуда, не само зошто сум завршил технички факултет, туку и дека секогаш сум сметал дека успехот е плод на работа, труд и искуство. Затоа и не верувам во чудо во Чикаго, зошто претходно мора нешто да се одработи. Затоа и не верувам во туристичките road show на премиерот, затоа што ниту еден инвеститор не вложува за да зијани, особено не вложува во земја во која законите важат по потреба, одлуките се носат во кабинетот на дружината, а власта за се организира контра протести. Не верувам во чудо од дијалогот на високо ниво зошто груевата дружина нема демократски капацитет да ги тргне рацете од медиумите, да го ослободи од притисок судството, организира фер избори. А чудата нема да се случат и кога тие што се повикуваат на божјите закони, работат на втор ден Велигден и држат седница на економскиот совет. После пак некој друг ќе им е крив зошто економијата ни пропаѓа, а тие не ги следат најосновните велигденски чествувања. Што би рекол премиерот: „Ако знаат што значи тоа".
П.С. Еден настан од регионот оправдано падна во сенка на огромната трагедија во Македонија, а тоа е почетокот на судењето на ХДЗ, Санадер и компанијата „Фи-ми медија”. И сега стана јасно зошто „некој“ ургираше и ХТВ го немаме на нашите регуларни канали. Инаку доволно е само да се заменат имињата и ќе ја добиеме македонската верзија на продавања на чуда на граѓаните во услови на сиромаштија, невработеност, зголемени цени и трошоци на живот. Сè е исто, само кој е македонскиот благајник?
Јани Макрадули
Напиши коментар:
|
име:
|
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
|
порака:
|
|
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

