- пред 21 минути Седиштето на ди Каприо за летот во...
- пред 22 минути 15.000 лампиони за мир на Филипините
- пред 34 минути Ана Ивановиќ ќе го отвори Ролан Гарос
- пред 35 минути Ова е синот на Гвен Стефани
- пред 35 минути 14 годишно дете, новинар, почина во борбите...
- пред 60 минути Екологистите бараат Шара да биде...
- пред 1 час ГАЛЕРИЈА Акцијашите го светнаа Охрид
- пред 2 часа Утре, до пладне сонце, попладне облачно
- пред 2 часа Розберг ќе стартува од пол позицијата во...
- пред 2 часа Кети Пери: Имам толку големи гради, носам...
Интервју со Саше Ивановски: Во Македонија новинарите се мекуши или тотални проститутки
Саше Ивановски
- Прочитано: 10626
- 11.04.2012
Останатo од Саше Ивановски |
1. Важиш за новинар кој лесно навлегува во конфликти, или барем така те перцепираат колегите. Дали тоа е некој посебна тактика, која често ја споменуваш, а според која ги копираш познатите телевизиски фаци од САД, или, пак, се работи само за карактер?
- Спој од тие две. Несомнено меѓу оние што ме познаваат важам за човек со кој тешко се излегува на крај, ако почне некоја дебата. Поради тој табиет мислам дека до сега моите родители минимум сто пати се покајале што ме направиле. Инаку за идолите кои ми се репер, штотуку почина пред некој ден Мајк Валас, легендата на телевизијата ЦБС, водител на легендарната емисија „60 минути“. Е тоа е новинариште. Во едно интервју со ајатолахот Хомеини во сред Иран во лице му има речено дека е лудак. На претседателот Никсон му има поставено прашање – претседателе ниту вие, ниту вашиот конкурент немате ни тронка харизма, како ќе се борите за да ја освоите јавноста? Хехехе...Да не набројувам и други примери на новинарски величини со муда од по 5 кила, такви новинари се скапоценост за една нација, да им влеат страв у коски на политичарите. Ние такви новинари имаме, но за жал само во пишаните медииуми, а тие имаат мал удел во креирањето на јавното мислење. Би сакал на тв да имаме мадафаки од типот на Катерина Блажевска, Горан Михајловски, Јадранка Костова, Саше Димовски, Никола Младенов, Соња Крамарска, Бранко Героски... За жал во електронските медиуми имаме или мекуши од типот на Драган Антоновски, Роберт Поповски, Санта Аргирова, Зоран Иванов и други кои повеќе им е важно навечер на седенки да ги тапшаат по рамо колку се тие на нивоу, без разлика што државата отишла у к...затоа што ги оставиле политичарите да аздисуваат или пак имате тотални новинарски проститутки, како Ефтов, оној гревот Милојко, или онаа србендата Лапас кој е највечи Србин од Ла Манш, па до Црно Море, а овде нас ни продава м..за бубрези 20 години и не подјебава како полиуидиоти...Оливера Трајковска јас ниту во емисија, ниту пак кога бевме на кафе ништо не ја разбирам, односно разбрав, а мислам дека ист е случајот и со голем дел од гостите, а и гледачите...Таа треба да сфати дека не прави емисии за потоа да се курчи колку е она паметна плавуша, туку за да има некој ебен ефект од тоа во јавноста и широките народни маси...А пак за онаа од менталните гимнастики што гледа у рефлектори кога поставува прашања што да кажам освен дека некогаш во некои режими со право се стрелало све што е некорисно и од што се нема аир за општеството...Ова беше шега сепак, а велат во секоја шега има над 70 отсто и вистина...
2. Дали досега поради тоа ти се налутил некој колега, или некој од твоите гости кои поминале низ „Политико“?
- Ми се налути Боки 13 и Латас. Според мене двајца квази педери, едниот мислам дека е педер по професија, а другиот мислам дека е педер у душа. Немам јас ништо против вистинските педери, туку ваквите како двајцава ме вадат од такт. Инаку луѓето треба да знаат дека родителите на Боки 13 се целосно зад него. Јас тоа го увидов кога ми се јави мајка му после емисија и ми се закануваше дека гадно сум наебал што сум го навредил нејзиниот Бокица...
ЅИНГО НЕ Е ТОЛКУ ЛОШ, КОЛКУ ШТО ГО ПРЕТСТАВУВААТ
3. Како и по што ги одбираш гостите во твоите емисии, дали по актуелност, некаква политичка наклонетост, желба на продуцентот и газдата или...?
Се од наброеното...
4. Ти си роден во Кратово, но досега не си го викнал во емисија Љубисав Иванов – Ѕинго. Дали имаш некој личен анимозитет кон него, или, пак, си го викнал, но тој одбил да дојде?
- Татко ми работи за него и се чувствувам перверзно да го напаѓам човекот од кој што татко ми го заработува лебот и не израснал мене и брат ми со тие пари...Инаку СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ се менуваат во критикувањето кон Ѕинго како ќе им годи, но јавно ги прашувам- што не отворија тие или некој нивни близок бизнисмен некоја фабрика во Кратово сиве овие 20 години? Со исклучок на Борис Змејковски, ништо не е направено на тој план. Многу кратовчани работат во Силекс, Добра Вода, Сител, потоа банките и осигурителните компании на Ѕинго. Проблемот е што стотици кратовчани заминаа од Кратово и се угледни бизнисмени по Скопје, професори, функционери, па и академик имавме и никој не мрдна со прст за Кратово...На сите Ѕинго им е крив за се. Напротив во многу нешта Кратово имаше и бенефит од Ѕинго, видовме што е вистински фудбалски стадион, базен, прва мала општина сме со супер водовод, многу луѓе се опарија од експропријација на земјиште од браната на Злетовица која Ѕинго ја туркаше долго време да се реализира...Далеку е Ѕинго наш од светец, само не е ни толкав ѓавол како што го прикажуваат. Се надевам дека ќе се отворат нови фабрики и бизниси во Кратово не може да се очекува се од еден човек...
5. Која политичка фигура или човек од јавниот живот си имал желба да ти гостува во „Политико“, но никако не сака да се соочи со тебе?
- Мирка Велиновска. Тоа ќе биде емисија за паметење, подобра и од онаа со Латас и Трендо. Ама нема да дојде, итра е таа, знае што ја чека...Јако ќе биде и гостувањето на Бранко Црвенковски. Ако дојде некогаш Никола Груевски мислам дека тоа ќе биде жестоко интервју. Но, ќе има и фалење, нема да се срамам да пофалам многу проекти мислам дека е важно еден новинар да ја пофали владата за добро завршената работа доколку има таква, со тоа се наградуваат и охрабруваат политичарите да работат во тој стил инаку и они би дигнале раце ако нема политички бенефит од маката и квалитетно завршената работа.
6. Што мислиш за новиот предлог закон за лустрација, и дали мислиш дека треба да се заокружи овој процес во Македонија?
- Јас направив емисија со Павле Трајанов на таа тема. Планирам да ги повикам сите што се се уште живи од осумтемина да разговараме на таа тема. Они најдобро ги знаат тие теми. Во таа емисија со Павле кажав дека најважно е да се лустрираат функционерите кои ги користеле тие информации. Не може на Колишевски да му правиме споменик од восок, а да тераме лустрација. Тоа е шизофрено. Па тој ги наредувал сите тие следења и си го прчел на Водно 45 години додека нечии животи биле уништувани...
ПОЛИТИЧКАТА КЛИМА Е ТЕШКО СРАЊЕ
7. Поради тоа што важиш за човек без влакна на јазикот, дали те плаши најавата за нов закон за клевета и сумите за казни кои се споменуваат од 10 000 евра за новинар до 80 000 евра за сопственикот на медиумот?
-Ако мене ме казнат барем еднаш, јас сум готов, сега се што имам дали вреди 200 евра и тука го рачунам и лаптопот... Ситуацијава е многу блесава. Од една страна имаш новинари – рекетари кои се страв и трепет за јавните личности и мора да има некаква заштита од тие говеда, а од друга страна некој сака да сее страв и да замолчува со овие казни. Лекот е многу едноставен ама за жал никој од новинарите не го гледа. Лекот е системот т.е медиумската сцена од САД. Но, за жал освен мене, кој бев во САД вистински, сите други новинари, а 99 проценти од нив на сметка на УСАИД биле во САД , кога биле таму се шетале по Лас Вегас и по тоа кањонот и Нијагарините водопади и се сликале како јапонски туристи наместо да го анализираат системот таму и сега јас мора да им го објаснувам системот на САД овде како на телиња нуклеарна физика. Имено лекот е во либерализирање на пазарот на медиуми и секој што сака и мисли дека може, да му се дозволи да отвори медиум и да се натпреварува за рекламниот колач. Тоа значи дека релативно брзо за 5 години ќе се исчисти теренот од овие дно - дна багра проститутки-новинари кои поради монополот мора да ги гледаме иако сите од нив добиваме гасови и пролив...Тогаш не ти требаат ни ЗНМ, ни закони, ни клевети, ни бутур, едноставно ќе има професионалост, а таа ќе си доаѓа од пазарната конкурентност. Имено кажете ми има ли закон против невкусни ќебапчиња? Нема бидејќи има таква жестока конкуренција кај нас во бизнисот со ќебапчиња што сите се трудат ќебапчињата да бидат што повкусни...Така ќе биде и со новинарите и медиумските куќи ако дозволиме конкуренција, а не СРД да дели концесија еднаш у 20 години.
8. Дали досега си имал сугестии од некои политички кругови кого да викнеш во емисија, и ако одговориш потврдно, што била твојата реплика на барањата?
- Се снаоѓаме, како оние каскадерите сме, на оние јажиња што преминуваат долови со стап у рацете и се молат да не дувне ветер.
9. Што мислиш за моменталната политичка клима во државава?
- Тешко срање е. Бранко го сјебува целиот процес со инаетењето и упорноста да остане на врвот во СДСМ. Тоа според мене веќе е и психичко некое пореметување. Некои новинари му го дозволија тоа и му прогледаа низ прсти, може му се некои должници. Сакам сепак да му дадам морална подршка на Љубе Бошковски. Еден ден ќе го славиме човекот како Нелсон Мендела што го слават во Јужна Африка. Јас од секогаш сум го сметал за несериозна будала, но ова стварно не е фер што му го направија
10. Пред извесно време жестоко ги нападна луѓето од Томато продукција, затоа што добиле околу 300.000 евра од владата за снимање на документарци. Зошто тоа би било спорно, ако ги добиле транспарентно и за некоја идеја што била прифатлива?
-Епа спорно е затоа што ниту цената е прифатлива, ниту, пак, процесот е транспарентен според мене. Ние во сите овие расфрлања со народни пари полека како да губиме и осет за сумите. Па за 10.000 евра, колку што чини еден документарец, јас ќе ги седнам на една маса лично Михаил Горбачов и Ричард Никсон да ми расправаат за уривањето на берлинскиот зид и плус на паузите ќе шетаат голи хостеси од по два метра со огромни успрчени цицки кои ќе кажуваат дека е време за реклами. А и да се цените ок и да е процесот транспарентен т.е Томато да заслужила да ги прави тие документарци, сепак има судир на интереси кој е морално спорен. Имено Томато мислам дека ги снима и организира митинзите на ВМРО - ДПМНЕ и доволно е што некому му текнало да отвори можност Томато да заработи 300.000 евра за некакви документарци. Значи самата можност, самата ставка во буџетот за тие документарци е спорна, а не начинот на кој е дојдено до тоа Томато нив да ги работи. Многу лесно можело и воопшто и да нема намера да има такви документарци за да може Томато подоцна да се пријави за изработка. Дури и ако цената е ок и процесот е транспарентен, а јас колку што мислам не се. Мене ми е смешно што Томато ја прави емисијата на Миленко, а тој цело време лепи тамо постери од луѓе со селотејп обвинувајќи ги за нечии платеници, а излезе дека тој е индиректно платеник и тоа од наши пари, пари од народот, кој народ цело време демек го брани како Валтер што го бранеше Сараево.
11. Не беше учтив ниту кон Еднооки...?
- Истиот проблем и со нив. И Томато и Контрабанда го имаат истиот проблем, а тоа е извесна пристрасност која потоа се материјализира со можност за заработка каде тие наводно коректно си добиваат на тендер. Но, прашање е дали има потреба од самиот процес за кој што има тендер. Имено, зошто не ги направиле тие документарци за без пари на пример? Па нели сме сите патриоти? Тие политичари што учествуваа во документарците сигурно не земале дневница за учеството во документарците. Зошто да земат продуцентите? И кога веќе земале можеле да земат по 1.000 евра од документарец мајку му, колку за гориво и струја и храна, па тоа се наши пари бре и мои и се зема од устата на сираците на стечајците, на пензионерите, на болните...
12. Дали оваа телевизија во која што си сега ти ги задоволува критериумите и какви се твоите апетити за во иднина?
- Моите апетити се многу скромни - телевизијата за која работам за 5-6 години да биде број еден и тоа нудејќи квалитетна и општествено квалитетна програма, а не Жаре Бербер бљувотини. Тоа е многу лесно во Македонија, погледнете кои се сега на врвот. Се надевам дека тоа ќе биде Наша ТВ ако менаџментот има слух за моите идеи. За жал засега освен подршка на Политико таков слух за моите идеи за други проекти нема. А што се однесува до Политико сепак успехот на емисијата зависи од телевизијата на која оди. Што е до мене јас го дадов мојот максимум. По ѓаволите, па јас се соочив со дечките со кој никој немаше муда да се соочи лице в лице: Латас, Боки 13, Панде Колемишевски, Борјан, Милчин, а на моменти имав и жестоки препирки со Милојко...Може да се каже дека до сега бев, а и се уште сум некој ебен Дон Кихот кој јуриша сам против од една страна улеганите поразени елитисти и од друга страна против поулавените багра тиња пропагандисти. И народот тоа го цени и ја гледа емисијата. Јас сум поборник на тезата дека е можно да се креира програма која ќе биде и гледана и интересна и без да биде кич и идиотска. Во Макеоднија сега има една теза која ја имаат прифатено сите телевизии, а таа е следната: ако сакам да бидам гледан ќе купам некоја моронска и идиотска сапуница или реалити шоу, а ако сакам да терам квалитет ќе мора да се помирам со мала гледаност. Очигледно не гледале подолго време Канал 4, Канал 5 или ИТВ во Англија, или пак ББЦ кои се своевиден феномен од аспект на креативност.
ТРЕНДО ГИ НАРУШИ СВОИТЕ ПРИНЦИПИ
13. Поради тоа што си еден од најактивните новинари на Фејсбук, кажи дали оваа социјална мрежа ги засени другите медиуми и зошто повеќе сакаш да се изразуваш преку Фејсбук, отколку преку твојата емисија?
- Затоа што на Фејсбук нема Совет за радиодифузија, а и тоа што го кажувам не го читаат деца и старци, туку пријатели кои можат да ме одфрендаат ако не им се допаѓа она што го пишувам. Плус во Политико има и спонзори кои може да се најдат во небрано ако и во емисијата распалам до даска во мој стил.
14. Зошто го нападна Трендо толку невкусно?
- Види Трендо како и на многу млади, и не толку млади дечки, јас сум веќе во вторите, ми беше идол, се до пред самата емисија кога го видов на некои гостувања. Особено во мојата емисија продолжи таа негова ноншалантност и искулираност и одважна незаинтересираност за конкретни политички теми. Стварно мислам дека со тоа тој ги наруши сопствените принципи кои ги фураше долго време и на кои принципи и се базира Политико на крајот на краиштата, а тие принципи се - под еден немој да бидеш себично педерче док другите страдаат ти да си тераш кефови без да изреагираш, па макар добил добра заушка, второ ако приметиш дека царот е гол кажи дека царот е гол не се прави и ти мутав пошо после не само шо царот ќе продужи да е гол туку ќе почне да е гол позади нас, а ние напупени и трето без разлика на се, сепак биди активно вклучен во дебатите за се и сешто, фаќај редовно страна ама на база на некои норми и верувања, а не лични анимозитети или пријателства. Трендо константно лепи на своите сајтови такви дечки кои се пример за следбеници на овие принципи како Ведрана Рудан, Теофил Панчич, Џон Стјуарт и останати, ама тој самиот не сака да си го наруши мирот и фан базата која му е од двата табора и сака да биде општествено активен со тоа шо ќе се буни кој каде се паркирал ,ама нема да се буни ако некој убие некој младич и се обиде да го скрие убиството. Е тоа е лигав педеризам и ренесанса, а па дека дојде баш од Трендо човекот у кој сме се крстеле е тоа е ко да се палиш цела вечер на јаки цицки и на крај кога ќе се докопаш до нив да сфатиш дека се силиконски...Немам јас ништо против силиконските цицки, ама барем нека се каже да се знае уште во старт, па нека си избере народот кој за што е.
15. Приметувам дека секоја емисија ја почнуваш со презентирање на производ произведен во Македонија. Што е работата?
- Има еден фантастичен скеч од К-15 кој оди одприлика оди вака: станува Тошо Малерот од спиење и зема се облекува во облека произведена, не знам каде во Турција, јаде храна произведена секаде само не во Македонија, потоа трга да бара работа со кола произведена во Русија, и не успева да најде работа, се враќа дома и се чуди зошто не може да најде работа. Сите ние по малку сме како Тошо Малерот, се навикнавме да не купуваме македонски производи, странските брендови ни го освоија пазарот со што нашите фирми имаат тешкотии да останат на нозе, а камоли, пак, да го освојат странскиот пазар. Од околу една милијарда евра колку што се вртат во малопродажба во Македонија само 20 проценти се производи произведени кај нас, се друго е увезено. Тука ние несвесно си пукаме во нога. За ова треба да зборуваме сите, не треба владата ова да ни го труби, треба ние самите да сториме нешто за самите себе и за државата. Секако може и владата да се вклучи со субвенции на оние ланци на маркети кои ќе го зголемат процентот на мак производи на своите рафтови како ослободување од даноци или пак ослободување на комуналии и слично, тоа може да се направи без да ги прекршиме правилата на светската трговска организација. Многу земји, многу помоќни од нас, веќе го прават тоа. За ова барам подршка од сите други медиуми и новинари, не можеме сами како Наша ТВ да го избуткаме ова.
Владо Ѓорчев
Напиши коментар:
|
име:
|
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
|
порака:
|
|
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Биолошките лекови се иднината за пациентите со најтешки заболувања
Прочитано: 1076

